Monday, July 21, 2014

Начини на цитирање

Почитувани колешки и колеги,
Знам дека често пати ви настанува конфузија во вашите глави кога треба да цитирате. Дипломците, па и магистрантите честопати и не знаат како да го сторат тоа. Ќе наведам еден пример како се цитира во неколку стилови на цитирање. Потребно е да се внимава на секоја точка и запирка во наведувањето на референците.

Според APA стилот:
Ljubic, A., & Trajkovski, V. (2011). Refractive errors in children and young adults with Down’s syndrome. 
Acta Ophthalmologica, 89(4), 324–327. doi:10.1111/j.1755-3768.2009.01676.x
 
Според Harvard стилот: 
Ljubic, A. & Trajkovski, V., 2011. Refractive errors in children and young adults with Down’s syndrome. 
Acta Ophthalmologica, 89(4), pp.324–327. Available at: http://dx.doi.org/10.1111/j.1755-3768.2009.01676.x.
 
Според IEEE стилот:
[1]A. Ljubic and V. Trajkovski, “Refractive errors in children and young adults with Down’s syndrome,” 
Acta Ophthalmologica, vol. 89, no. 4, pp. 324–327, Jun. 2011.
 
Според MLA стилот:
Ljubic, Antonela, and Vladimir Trajkovski. “Refractive Errors in Children and Young Adults with Down’s Syndrome.” 
Acta Ophthalmologica 89.4 (2011): 324–327. CrossRef. Web. 

Според Vancouver стилот:
1. Ljubic A, Trajkovski V. Refractive errors in children and young adults with Down’s syndrome. 
Acta Ophthalmologica [Internet]. Wiley-Blackwell; 2011 Jun;89(4):324–7. Available from: http://dx.doi.org/10.1111/j.1755-3768.2009.01676.x
 
Според Chicago стилот: 
Ljubic, Antonela, and Vladimir Trajkovski. “Refractive Errors in Children and Young Adults with Down’s Syndrome.” 
Acta Ophthalmologica 89, no. 4 (June 2011): 324–327. doi:10.1111/j.1755-3768.2009.01676.x.
 
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER 

Sunday, July 20, 2014

The Cranberries - Dreams

Драги пријателки и пријатели,
Денес е 20 јули, длабоко завлезени во „мекото„ лето. Некој има многу соништа, друг не сонува воопшто. Некој месечари, а некој сонува за подобар живот. Други пак сонуваат со отворени очи, сонуваат нешто што можеби никогаш нема да им се оствари. За сите нив The Cranberries со Dreams. Мислам дека ова ќе ви го направи овој неделен ден поубав.
DJ Vac


Monday, July 14, 2014

JSER доби вредности од Scopus

Почитувани колешки и колеги,
Списанието JSER е индексирано во престижната база Scopus веќе од 2010 година. Сега во јуни месец ги доби и првите метрички податоци кои укажуваат за неговата вредност. Тоа се следните: 2013 Source Normalized Impact per Papeр (SNIP) = 0.119; 2013 IPP = 0.070; 2013 SCImago Journal Rank (SJR) = 0.120. Искрено се надевам дека сме на правиот пат кон добивање на импакт фактор од Томсон Ројтерс.
Главен и одговорен уредник


                              

Sunday, July 13, 2014

JSER со зголемени параметри во Google Scholar

Почитувани колешки и колеги,
Не случајно деновиве ви ги прикажуваав најновите цитати на JSER бидејќи тоа ги зголеми параметрите во Google Scholar цитирањето. Излезена е новата листа за 2014 година во која нашето списание ги зголеми параметрите кои во 2013 изнесуваа 2. h5-index за 2014 изнесува 3, а h5-median изнесува 4. Ова е уште еден доказ за нагорната линија на списанието во последната година напорно работење. Овие параметри ја зголемуваат можноста за добивање на импакт фактор.
Главен и одговорен уредник






JSER цитиран во European Journal of Social Work

Почитувани колешки и колеги,
Уште едно цитирање во престижно европско списание European Journal of Social Work Volume 17, Issue 2, 2014 од страна на авторите Miroslav Brkić, Aleksandar Jugović и Nenad Glumbić  во трудот Residential care for children with intellectual disabilities in the social protection system in Serbia. Ова списание за 2012 година има импакт фактор 0.517. Имено, овие автори го цитираат трудот на Слободанка Лазовска Здравковска под наслов PROCESS OF DEINSTITUTIONALIZATION OF PEOPLE WITH DISABILITY IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA објавен во Journal of Special Education and Rehabilitation во вол. 8, број 3-4, 2007. Во продолжение е апстрактот на трудот.


Abstract
This paper presents and discusses the characteristics of the social protection of children with intellectual disabilities who are placed in children's homes in Serbia. It draws on a survey that covered the entire population—586 users in all five institutions for children with intellectual disabilities who resided there in 2009. The analysis shows the heterogeneity of users in relation to age and degree of intellectual disability, their long-term stay in homes, the inadequate structural and functional standards, and insufficient health care. Residential care becomes the most common form of permanent rather than temporary care. These findings suggest the need for a number of strategies to be adopted, and the paper concludes by outlining potential ways forward.

Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Saturday, July 12, 2014

Труд од JSER цитиран во European Journal of Special Needs Education

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве известам дека трудот на авторите Markus GEBHARDT,Susanne SCHWAB,Mathias KRAMMER,Klicpera Barbara GASTEIGER под наслов ACHIEVEMENT AND INTEGRATION OF STUDENTS WITH AND WITHOUT SPECIAL EDUCATIONAL NEEDS (SEN) IN THE FIFTH GRADE е цитиран во European Journal of Special Needs Education во трудот Linking self-rated social inclusion to social behaviour. An empirical study of students with and without special education needs in secondary schools DOI:10.1080/08856257.2014.933550 од авторите: Susanne Schwab, Markus Gebhardt, Mathias Krammer. Во продолжение е апстрактот.

Abstract

Successful inclusive education creates a learning environment that supports not only the cognitive abilities of all children but also their social and emotional development. The present study focuses on the development of social participation of students with and without special education needs (SEN). A longitudinal study with two measurement times was conducted. The first measurement (T1) took place at the end of fifth grade, the second (T2) one year later. The sample consisted of 35 SEN students and108 non-SEN students from mainstream classes in Graz, Austria. For assessing the self-perception of social inclusion, items from the ‘dimensions of integration’ questionnaire (FDI 4–6) were used. Social participation does not seem to be a very stable phenomenon; its retest reliability was only .47 for SEN students and .54 for non-SEN students. Results indicate that children with SEN experienced less social participation than children without SEN at T1 and T2. To identify the predictors for social participation, a multiple regression analysis was conducted. Next to social participation at T1, indirect aggressive behaviour (self-assessed) also appears to predict social participation at T2.

Friday, July 11, 2014

Гостување на проф. д-р Владимир Трајковски на ТВ Сонце - аутизам втор дел

Почитувани посетители на мојот блог,
Како што веќе најавив на 09.07.2014 бев по втор пат гостин во емисијата „Ваш доктор„ на ТВ Сонце. Ова беше втор дел за аутзмот каде што говорев за значењето на вакцинирањето во етиологијата на аутизмот, дијагностиката, диференцијална дијагноза и третманот на аутизмот, но и за значењето на објавувањето трудови од областа на аутизмот во светот на науката. Благодарност до новинарката госпоѓа Виолета Петровска за поканата и за отстапениот простор да говорам на оваа тема. Доколку имате 45 минути слободно време погледнете го видеото.
Претседател на МНЗА



Thursday, July 3, 2014

Термини за полагање испити - прв циклус - есенска сесија 2014

Почитувани студенти,
Термините за моите испити од прв циклус ви ги споделив одамна, но еве сега да ги споделам термините по сите предмети за есенската сесија. Нека не ве залажува распустот, септември ќе дојде многу бргу и затоа треба да се учи континуирано и засилено.
Предметен наставник

Gretta feat. Geby - Malena

Драги мои,
Летно време, време за освежување, време за повеќе музика на мојот блог и тоа како во старите добри времиња. Овој пат се одлучив за нешто ново од хрватската продукција, направено оваа 2014 година. Повеќето од вас сигурно не го слушале хитот, па ете можност премиерно да го слушнете овде. Една одлично спакувана нумера на Gretta feat. Geby под наслов „Малена„, мојот омилен назив за женскиот симпатичен пол :) Потсетуваат на ЕКВ од 80-тите и имаат направено вистински погодок со оваа нумера. Клик на play.
DJ Vac