Почитувани посетители на мојот блог,
Како што веќе најавив на 09.07.2014 бев по втор пат гостин во емисијата „Ваш доктор„ на ТВ Сонце. Ова беше втор дел за аутзмот каде што говорев за значењето на вакцинирањето во етиологијата на аутизмот, дијагностиката, диференцијална дијагноза и третманот на аутизмот, но и за значењето на објавувањето трудови од областа на аутизмот во светот на науката. Благодарност до новинарката госпоѓа Виолета Петровска за поканата и за отстапениот простор да говорам на оваа тема. Доколку имате 45 минути слободно време погледнете го видеото.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment