Wednesday, May 27, 2015

Список на ЕКТС поени по МОИ - 2015

Почитувани студенти од прва година,
Ви го проследувам списокот со ЕКТС поени по предметот Медицински основи на инвалидноста. Студентите што се во зелено немаат право на потпис и треба да го преслушуваат предметот или ако се вонредни да одговараат за поени. Студентите што се во црвено немаат право да полагаат испит пред да освојат 15 ЕКТС поени. Три студентки го положија испитот со колоквиуми и други активности од кои две добија деветки, една доби оцена седум. Кој нема добиено задача под итно да дојде. Најверојатно на 3 јуни ќе има термин за одоговарање за 15 ЕКТС поени, така што следете го овој блог и ќе разберете на време.
Предметен наставник

Tuesday, May 26, 2015

Резултати од вториот колоквиум по МОИ - 26.05.2015

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од вториот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. За жал пет студентки не ја искористија шансата да се ослободат од полагање на завршен испит. Ќе им треба повеќе учење во јунска сесија.


Reden broj
Broj na indeks
Bodovi
1.       
23263/14
26.5
2.       
23269/14
23
3.       
23308/14
21
4.       
8390/13
18
5.       
8577/14
15
6.       
23101/13
13
7.       
23141/13
10
8.       
23156/13
9
9.       
23276/14
6

Предметен наставник


Резултати од вториот колоквиум ХГ

Почитувани студенти,
Ве информирам дека студентката со број на индекс 22827/12 освои 20 поени на колоквиумот по Хумана генетика и истиот го положи. Честитки до неа.
Предметен наставник

Monday, May 25, 2015

Втор колоквиум МОИ и ХГ и потписи

Почитувани студенти,
Утре (вторник) во лабораторијата на Педагошки факултет со почеток во 08:15 часот ќе се полага вториот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста и Хумана генетика.  Веи сте должни да бидете таму 10-15 минути порано. Потоа следуваат потписи за студентите од прва година кои ќе бидет поделени во две групи. Прва група треба да дојде во 09:00 часот, а втората група во 10:00 часот. Ако некој недостасува на списокот нека дојде со која група бил во првиот семестар. За студентите од втора година важи терминот од 08:00 за потписи. Присуствата на завршните часови ќе се евидентираат и за нив ќе се добиваат бодови за присуство. Сите оние кои не земаа потпис во петокот по Хумана генетика и сите останати што нема да земат во наредните два дена, во четврток им е последна шанса од 11:00 до 14:00 часот.
Предметен наставник

I  група 
1. 8583/14
2.  23325/14
3. 23271/14
4. 8566/14
5. 23341/14
6. 23257/14
7.  23342/14
8. 8370/14
9. 8571/14
10. 23299/14
11. 8529/14
12. 8527/14
13.8526/14     
14. 8582/14
15. 23281/14
16. 23308/14
17. 23532/14  
18. 8538/14
19. 8577/14
20. 23336/14
21. 7012/10
22. 7007/10
23. 22108/10
24. 8512/14
25. 8560/14
26. 8585/14
27. 8590/14
 

II група

1.   8575/14
2.   23301/14
3.   23273/14
4.   8542/14
5.   8580/14
6.   23280/14
7.   23577/14
8.   23315/14
9.   23293/14
10. 8555/14
11. 8515/14
12. 23316/14
13. 23269/14
14. 8553/14
15. 8501/14
16. 23263/14
17. 8524/14
18. 23263/14
19. 8522/14
20. 23267/14
21. 8547/14
22. 8539/14
23. 23276/14
24. 6981/10
25. 6982/10
26. 8554/14
27. 8597/14
28. 8573/14

Saturday, May 23, 2015

15 years from the founding of the Macedonian Scientific Society for Autism

Dear colleagues and friends,


At the 22nd  of May in 2000, the Macedonian Scientific Society for Autism was formed. At the Institute for Immunobiology and Human Genetics within the Medical Faculty in Skopje, the founders gathered: Prof. Dr. Ljubomir Ajdinski, Prof. Dr. Mirko Spiroski, Prof. Dr. Dragoslav Kopacev, Prof. Dr. Kristin Vasilevska and Prof. Dr. Vladimir Trajkovski (at that time assistant) and dozens others colleges from the Institute of Special Education and Rehabilitation within the Faculty of Philosophy and from the Institute for Immunobiology and Human Genetics. We brought up the statute for MSSA who since then has underwent several changes with the new laws.




In the past few years it wasn’t easy at all to be able to realize the goals and tasks that are set in the statute.
- Primary prevention for the people with autism;
- Research of the mechanisms that are related with autism;
- Research of the effects from the rehabilitation of people with autism;
- Treatment for people with autism;
- Co-operation with the families of the people with autism;
- Coordination of government and non government organizations who work in the field of autism;
- Educating professional staff.

Right away we declared two pamphlets for autism in Macedonia and for the society, as well as two web pages Autism Macedonia and the official web page of MSSA which up to today has changed from the first time it has been released, and a brochure for the Rights of the people with autism in  Republic of Macedonia.
In the past 15 years we have published two books titled Autismand Autism and Pervasive Developmental Disorders which are intended for the education of special educators and rehabilitators, medical doctors, psychologists, social workers and other professional profiles that are involved in the field of autism. We achieved excellent cooperation with many families and I truly hope that we have helped them how to deal and cope with this difficult social medical and mental health problem.





Our members have participated over a dozen of seminars and conferences in Macedonia and abroad. We have realized more over then 10 professional and scientific projects that were from national and international character. Our members have published around sixty professional and scientific papers from who most can be found on this link. Our papers have been cited in worlds renowned scientific magazines. We have organized three debates for Down syndrome together with our partners from Trisomy 21 Zagreb.

We have organized three Christmas parties, an art workshop in the lecture hall of the Faculty of Philosophy in Skopje, together with the Apolonija Fondation we opened 4 sensor rooms in the southern parts of Republic of Macedonia. We have signed several agreements for cooperation with non governmental organizations from the region and Macedonia, like Dar from Belgrade, Rubikon from Skopje, Trisomy 21 Zagreb, Vo mojot svet Skopje, Enigma Macedonia.





This month we have realized a tuition for autism intended for the teachers of the Primary school Joakim Krcoski from the village of Volkovo. There are many other activities and arrangements of the members of MSSA who selflessly have been embedding themselves in this great puzzle. But, here there is not enough time or space to note all of the activities. Let this video serve as a short retrospective from the appearance of the president of the society in the morning show Macedonia in the morning on MRT that took place on the 21st of May 2015 which will follow in addition and it lasts 13 minutes.


President of MSSA



Friday, May 22, 2015

22 мај - 15 години Македонско научно здружение за аутизам

Почитувани колешки и колеги, драги пријателки и пријатели,
Денес, на 22 мај 2000 година е формирано Македонско научно здружение за аутизам. Како вчера се сеќавам да беше тоа. На Институтот за имунобилогија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје се собравме основачите: проф. д-р Љубомир Ајдински, Проф. д-р Мирко Спироски, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Кристин Василевска и проф. д-р Владимир Трајковски (тогаш асистент) и десетина други колешки и колеги од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет и од Институтот за имунобиологија со хумана генетика. Го донесовме статутот кој потоа претрпе измени со новиот закон.


Во изминативе години не беше нималку лесно да се реализираат целите и задачите на здружението:
  • примарна превенција на лицата со аутизам;
  • истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;
  • истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
  • третирање на лица со аутизам;
  • соработка со родителите на деца со аутизам;
  • координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам;
  • едукација на стручни кадри.
Веднаш објавивме 2 памфлети за аутизмот во Македонија и за здружението, како и две веб страници Аутизам Македонија и официјалната веб страница на МНЗА која денес е видозименета од таа првобитната и брошура за Правата на лицата со аутизам во Република Македонија.
Во изминативе 15 години објавени се два учебника под наслов „Аутизам" и „Аутизам и первазивни развојни нарушувања" кои се наменети за дефектолози, доктори по медицина, психолози, социјални работници и други стручни профили кои работат со оваа проблематика. Остваривме одлична соработка со многу семејства и се надевам им помогнавме како да се справат со овој тежок социјално медицински и ментално здравствен проблем.



Наши членови земаа учество на десетина семинари и конгреси во земјата и странство. Реализирани се преку 10 стручни и научни проекти со национален и меѓународен карактер. Нашите членови имаат објавено шеесетина стручни и научни трудови од кои повеќето се наведени на следниот линк. Нашите трудови се цитирани во светски реномирани научни списанија. Организирани се три трибини за Down синдром заеднос о нашите партнери од Трисомија 21 Загреб.


Организирани се три предновогодишни забави, ликовна работилница во аулата на Филозофскиот факултет од Скопје, заедно со фондацијата Аполонија отворени се 4 сензорно соби во јужните градови на Македонија. Потпишани договори за соработка со повеќе НВО од регионот и Македонија, како што се „Дар" од Белград, „Рубикон" од Скопје, Трисомија од 21 Загреб  „Во мојот свет" од Скопје, „Енигма Македонија".
 



Во овој месец мај остваривме обука за аутизам наменета за наставниците од ОУ Јоаким Крчоски од село Волково.
Има и многу други активности и ангажмани на членовите на МНЗА кои несебично се вградуваа во оваа голема сложувалка. Но, овде нема доволно место и простор за да се истакнат сите активности. Како една куса ретроспектива нека послужи видеото од гостувањето на претседателот на здружението во утринската програма „Македонија наутро" на МРТВ на 21 мај 2015 година кое можете да го проследите во продолжение и е со времетраење од 13 минути.


Претседател на МНЗА


Thursday, May 21, 2015

Нешто за вториот конгрес на логопедите од Србија

Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе знаете, изминатиот викенд од 15 до 17 мај во хотел Парк во Белград се одржа вториот конгрес на логопедите од Србија. Првиот ден на отворањето имаше пет пленарни предавања, меѓу кои честа ми припадна да ја затворам сесијата. Потоа следуваше претстава на млади лица со говорни нарушувања и дел од нив што пелтечат. Претставата носеше наслов: „Жак или покорност" и младите аматери ја изведоа без ниту една говорна грешка. Во саботата бев дел од работното претседателство кога беа презентирани слободни теми, а пред почетокот на сесијата го претставив нашето списание Дефектолошка теорија и практика. Доколку сакате да ја проследите фотогалеријата од настанот кликнете овде. Мојата презентација под наслов Медицинската генетика и нејзината примена во говорните, јазичните и слушните нарушувања можете да ја преземете овде.
Им благодарам на организаторите за топлиот прием и се надевам на плодна соработка и во иднина, бидејќи таа со логопедите од Србија трае веќе 13 години од далечната 2002 година.
Член на научен одбор

Тринаесетто предавање МОИ - 19.05.2015

Почитувани студенти,
Во вотрникот го одржив последното предавање по предметот Медицински основи на инвалидноста за овој семестар и оваа учебна година. Предавав за глауком и амблиопија. Во прлиог ви линкувам неколку видео клипови со таа тематика. Од презафатеност не бев во можност порано да ви ги пратам овие видео клипови.
Предметен наставник