Tuesday, May 12, 2015

Обука за аутизам во основните училишта

Почитувани колешки и колеги,
Деновиве членовите на МНЗА спороведуваат обука под наслов: „Учениците за аутизам во образовниот процес„. Им благодариме на директорката на ОУ „Јоаким Крчоски„ од село Волково и на нејзиниот колегиум за поканата токму МНЗА да ја одржи оваа обука. Сметаме дека оваа обука треба да биде поттик и за другите училишта да тргнат по нивниот пат, зашто нашата процена е дека наставниците и стручните тимови во редовните училишта имаат многу малку сознанија за овој горлив проблем. Обуката трае 15 часови и неа ја спроведуваат пет наши членови, а сега сакам да ја споделам агендата за да можат и колегите од другите училишта да имаат претстава за што се работи.
  1. Дефиниција, преваленција, етиологија и карактеристики на децата со аутизам 
  2. Рана дијагностика и рана интервенција на децата со аутизам
  3. Споделување на искуства преку анализа на протокол за дијагностика на аутизмот -интерактивна работилница, видео прикази 
  4. Сетилата кај децата со аутизам 
  5. Индивидуален образовен план (ИОП)
  6. Модификација на наставата за ученици со аутизам
  7. ИОП за ученик со аутизам-приказ на случај
  8. Изработка на ИОП –работилница.
  9. Успешни и научно докажани третмани-предавање и видео прикази
  10. Физичка структура, распоред и индивидуален систем во работата со учениците со аутизам 
  11. Облици на поддршка, модификации и акомодација на материјалите за работа за учениците со аутизам-предавање и интерактивна работилница  
  12. Интерактивна работилница - Едукативна анализа на случаите во училиштето и адаптирани материјали за работа.
Во продолжение и неколку фотографии за илустрација на настанот од завршените први пет часови.
Претседател на МНЗА 



















No comments:

Post a Comment