Saturday, May 2, 2015

15 години МНЗА дел од големата сложувалка

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
На 22 мај 2015 година Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) го прославува своето 15 годишното постоење. 15 години водиме грижа за лицата со аутистичен спектар на нарушување, 15 години истражуваме во полето на аутизмот, 15 години објавуваме научни трудови, 15 години одиме по конгреси, семинари и симпозиуми и придонесуваме за подигнување на јавната свесност за аутизмот, 15 години лобираме пред надлежните институции за подобра социјална интеграција и поголем квалитет на оваа ранлива популација на граѓани. 
По тој повод започнуваме една мини кампања под наслов 15 години МНЗА дел од големата сложувалка со поддршка од невладината асоцијација ЕНИГМА Македонија. Затоа, овде сакам да им се заблагодарам на Ѓорѓи и Сузана водечките луѓе на таа асоцијација за помошта која ни ја даваат во склопување на мозаикот. За сите случувања што би требало да се реализираат ќе бидрте навремено известени.
Луѓето од ЕНИГМА Македонија изработија лого и анимација, па предлагам да ги погледнете.
Претседател на МНЗА




No comments:

Post a Comment