Како што веќе знаете, изминатиот викенд од 15 до 17 мај во хотел Парк во Белград се одржа вториот конгрес на логопедите од Србија. Првиот ден на отворањето имаше пет пленарни предавања, меѓу кои честа ми припадна да ја затворам сесијата. Потоа следуваше претстава на млади лица со говорни нарушувања и дел од нив што пелтечат. Претставата носеше наслов: „Жак или покорност" и младите аматери ја изведоа без ниту една говорна грешка. Во саботата бев дел од работното претседателство кога беа презентирани слободни теми, а пред почетокот на сесијата го претставив нашето списание Дефектолошка теорија и практика. Доколку сакате да ја проследите фотогалеријата од настанот кликнете овде. Мојата презентација под наслов Медицинската генетика и нејзината примена во говорните, јазичните и слушните нарушувања можете да ја преземете овде.
Им благодарам на организаторите за топлиот прием и се надевам на плодна соработка и во иднина, бидејќи таа со логопедите од Србија трае веќе 13 години од далечната 2002 година.
Член на научен одбор
No comments:
Post a Comment