Friday, May 25, 2018

За трибината „Културолошка инклузија на лицата со инвалидност во РМ" - фото + видео

Драги колешки и колеги,
Веќе беше објавено на моите социјални медиуми дека на 22 мај во 18.00 часот во објектот Чифте Амам во организација на Националната галерија на Македонија се одржа првата трибина од ваков карактер насловена како:  „Културолошка инклузија на лицата со инвалидност во РМ". На трибината присуствуваа следните дискутанти:
Г-ѓа Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика
Проф. д-р Арбр Адеми, Заменик Министер за образование и наука
Проф. д-р Дита Старова - Ќерими, Директорка на Националната галерија на Македонија,
Проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет
Проф. М-р Синоличка Трпкова, Факултет за Драмски уметности
Г-дин Денис Јанкуловски, Невладина организација Аутизам МК
Г-ѓа Домника Кардула, родител
Модератор на трибината беше Огнен Јаневски.
Меѓу другите присутни имаше 5 членови од МНЗА и 15-тина студенти од Институтот за дефектологија на кои им благодарам за присуството.

Министерката и Заменик Министерот си кажаа што имаа да си кажат, одговрија на 2 прашања и си заминаа околу 19.00 часот. Малку некултурно и некоректно кон останатите, но ова беше очекувано за нас. Такви се нашите политичари. Море добро и пто дојдоа да кажат нешто на трибината. :)
Би издовил некои поенти од моето излагање за оние кои не беа дојдени.

Постојат докази дека арт терапијата кај децата со аутистичен спектар на нарушувања во специјалната едукација придонесува за позитивни промени на нивното социјално однесување и нивниот фокус на внимание. Арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување. Арт терапија може да придонесе за ублажување на две главни проблематични области: социјални комуникациски проблеми и ограничени и повторувачки шеми на однесување. Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам.
Музејот и галеријата може да биде позитивно искуство за лицата со аутизам, бидејќи постојат различни стилови на учење кои музеите можат да ги постигнат. Колку повеќе музеите споделуваат знаења за аутизмот, толку се подобри шансите лицата со аутизам да се вклучат во средината која е добредојдена за нив. Ако повеќе луѓе станат свесни за музеите и за заедницата со аутизам, светот ќе биде подобро место за живеење. Фотографијата како вид на арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување.

Но, за секој случај тука  е моето снимено излагање за што бескрајно му благодарам на мојот колега и пријател од МНЗА г-дин Стојан Андонов.




Доколку сакате да погледнете слики од настанот ќе треба да одите на Фејсбук страницата на Македонското научно здружение за аутизам.

Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment