Денес, 22 мај 2018 година, МНЗА го прославува својот 18-ти роденден или своето полнолетство. Како вчера да беше основачкото собрание кога група ентузијасти предводени од професорите Љ. Ајдински, М. Спироски, Д. Копачев, К. Василевска и јас тогаш асистент како основачи на здружението го одржавме собранието заедно со уште десетина колеги од Институтот за дефектологија при ФЗФ и Институтот за имунобиологија и хумана генетика при МФ, каде што и се одржа состанокот. Оттогаш наваму поминат е долг пат исполнет со многу премрежја, со многу опструкции, но и со многу радости и постигнувања. Ние сме најстарото здружение кое се занимава со проблемите на лицата со аутизам и нивните семејства. Реализиравме 15-тина значајни проекти во овој период. Од наши членови се објавени 100-тина трудови во меѓународни списанија. Наши трудови се цитирани во престижни списанија. Во последната декада организиравме 4 крупни настани за подигање на јавната свесност. Покрај научните проекти кои што не` красат, организираме и социјални проекти за поддршка на семејствата кои имаат лице со аутизам. Многу соништа, остваривме, но имаме уште многу пат да изодиме до подобрување на квалитетот на живеење на децата и лицата со аутизам и нивните семества. Моментно здружението брои околу 45 членови. Во него продефилираа околу 100-тина членови кои од разно разни причини не го продолжија патот со нас. Но, нас најупорните не` краси мотивот да помогнеме на овие семејства без материјална надомест. Сите семинари и конференции што сме ги органзирале досега, а биле десетици на број не сме наплатувале котизација и партиципација од учесниците, нешто со што да не можат да се пофалат други здруженија. Сме извршиле прегледи на повеќе од 170 деца и младинци со аутистичен спектар на нарушувања. Организирани се 7 обуки на родители на деца со аутизам во последните 2,5 години. Има уште доста работа да завршиме во наредниот период. Но, констатација и на други неутрални лица е дека сме го положиле испитот на зрелоста и преставуваме еден бренд во оваа област. Повеќе за резултатите на веб страницата.
Нека ни е честита годишнината од постоењето и да ни се множат успесите.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment