На сите вам што ви фалат 15 ЕКТС поени по моите предмети, сакам да ви укажам дека постои уште многу малку време за да ги освоите. Посебно се обраќам кон вонредните студенти кои се` уште не се појавиле да земат задачи. Не знам што чекаат? Овие термини важат и за повозрасните генерации кои додека биле прва година не освоиле 15 ЕКТС поени. Имајќи предвид дека понеделник и среда ми се денови за консултации и тоа од 10:00 до 11:30 часот, на располагање им остануваат само уште 5 термини и тоа: 14, 16, 21, 28 и 30 мај. Сето ова ќе се реализира под услов некоја „виша сила" да не ме спречи. Сакам да ви укажам дека во јуни нема да има термини за 15 ЕКТС поени, бидејќи тогаш треба да се посветам на испитите и на многуте други обврски кои стојат пред мене.
Ви благодарам на разбирањето
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment