Имам пријатно задоволство да ви ја најавам изложбата „Од мој агол“, која ќе се одржи денес на 18 мај, со почеток во 13 часот во објектот Чифте амам, а во организација на Националната галерија на Македонија. Изложбата преставува презентирање на најдобрите фотографии кои децата со аутизам ги изработија во текот на организираното фотографирање на различни локации низ Скопје. Тие низ нивна призма и од нивен агол ни го доловија амбиентот од тоа што го доживеаја.
Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам. Терапевтите ги опишуваат ефектите на уметничката терапија врз тие деца како способни да ги развијат своите компетенции за да го насочат вниманието, да ја подобрат флексибилноста, да се однесуваат на поструктуриран начин и да ги изразат своите искуства вербално. Верувам, дека фотографирањето може да биде од неверојатен интерес за лицата со дијагнозата на АСН. Тоа е форма на уметност која вклучува технички елементи (рачна изложеност - во која корисникот ги дефинира сите поставувања на фото апаратот) и примената на знаењето (составот, светлината, хармонијата на боите, предметот итн.).
Изложбата „Од мој агол“ е дел од проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од страна на Холандската амбасада во Република Македонија.
На отварањето на изложбата ќе имаат настап и професионалните танчери со Даунов синдром од студиото Dancers United МК.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment