ЕСИПП ги повикува креаторите на политики да
ја подржат едукацијата на родителите за да го
подобрат квалитетот на животот на луѓето со
аутизам и нивните семејства
На глобалниот ден на родителите во 2018 година, проектот ЕСИПП (Еднаквост и
социјална инклузија преку позитивно родителство) издава препораки за креаторите на
политиките, заедно со кратко видео, за подобрување на квалитетот на животот на луѓето
во спектарот на аутизам и нивните семејства преку едукација на родителите.
Истражувањата покажуваат дека обезбедувањето на точни информации за аутизмот на родителите
и нивно учење за прилагодување на нивното родителство користејќи добри практки за аутизам,
помага да се подобрат исходите на лицата со аутизам и нивните семејства. Сепак, таквата
поддршка е исклучително ограничена или непостоечка во некои европски земји. За да помогне да
се пополни јазот, проектот ЕСИПП е основан во 2015 година. Неговата цел е да се развие едукација
на родителите за аутизмот прилагодена на потребите на семејствата и луѓето со аутизам во
Македонија, Кипар и Хрватска.
Д-р Дејвид Прис, проектен координатор од Универзитетот во Нортхемптон вели: “Проектот ЕСИПП
беше развиен за да се направи едукација на родителите за аутизмот достапен за семејствата кои
инаку не можеа да пристапат до такво знаење. Овој проект ги покажа придобивките од
обезбедување на точни информации и ефективни стратегии за родителите во овие земји. Тие се
чувствуваат посигурни во поддршката на своите деца, и повеќе можат да одговорат на нивните
потреби. Семејниот живот исто така стана посреќен.
ЕСИПП во Република Македонија
Во Македонија, преку проектот ЕСИПП се спроведоа 7 обуки за 89 родители во градовите: Скопје,
Велес, Охрид, Битола и Дебар и 4 локални тренери се обучени со цел да се обезбеди одржливост
на проектот по неговото завршување.
На 1 ноември 2017 година повеќе од 150 родители, професионалци, студенти, креатори на
политики, новинари и други засегнати страни присуствуваа на конференцијата на ЕСИПП во
Скопје, со цел да се подигне свеста за важноста на едукација на родителите за аутизмот и
споделување на работата и експертизата на партнерите во проектот за поширока публика.
Настанот беше организиран од страна на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА).
Пред овој настан претставниците од Кабинетот на премиерот, Министерството за образование и
наука, меѓу другото, одржаа тркалезна маса со партнерите во проектот за да дискутираат за
важноста од одржување на продолжување на обуката на ЕСИПП и по завршувањето на проектот.
ЕСИПП препораки за креаторите на политиките
Поддржувачките семејства се од огромно значење и, исто така, се обврзани, според Преамбулата
и член 23 од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост - ратификувана од
Европската унија и нејзините земји-членки:
ЕСИПП силно им препорачува на европските земји да обезбедат развој на ефективни обуки за
родители за да поттикнат “позитивен пристап кон аутизмот” и да одговорат на потребата за
поддршка на милиони семејства низ цела Европа. Во согласност со наодите на проектот, ова ќе
придонесе за целосна имплементација на Конвенцијата на правата на лицата со инвалидност
донесена од ОН.
Обуката за родители е ефикасен начин да ги зајакне семејствата и луѓето со аутизам, како и да го
подобри нивниот квалитет на живот, исходот и вклучувањето во општеството. Резултатите на
ЕСИПП го истакнуваат фактот дека:
Обуката на родителите значително го подобрува квалитетот на животот на луѓето со
аутизам и нивните семејства и затоа треба да се поддржува и понатаму да се развива;
Луѓето со аутизам и нивните семејства се соочуваат со многу структурни пречки - кои имаат
значително влијание врз пристапот до правата, како и нивниот квалитет на живот – кои
што исто така треба да се решат.
Белешки за уредниците
Аутизмот е доживотна состојба. Тој ги нарушува социјалните и комуникациските способности на
поединецот и честопати предизвикува нивно прикажување на невообичаени или повторувачки
однесувања и интереси. Во моментов, се проценува дека 1% од популацијата е со аутизам (околу
7.5 милиони луѓе во Европа). Ако ги вклучите нивните семејства, аутизмот ги допира животите на
над 30 милиони Европејци.
Проектот Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство (ЕСИПП) се
фокусира на нудење на едукација и обука за родителите на децата во аутизмот. Во периодот од
септември 2015 до август 2018 година, проектот е финансиран од Европската програма на Еразмус
+, клучна акција 2: стратешко партнерство во образованието за возрасни.
Целите на Еразмус+ програмата се да го поддржат образованието, обуката, младите и спортот
во Европа. Нејзиниот буџет од 14,7 милијарди евра ќе обезбеди можности за над 4 милиони
Европејци да учат, да обучуваат, да стекнуваат искуство и да волонтираат во странство.
Програмата Еразмус + во Обединетото Кралство ја доставува Националната агенција на
Обединетото Кралство.
Националната агенција на Велика Британија е партнерство помеѓу
Британскиот совет и Ecorys UK.
За повеќе информации:
www.esipp.eu
info@esipp.eu
Facebook: projectesipp
Twitter: @ESIPP_Europe
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment