Friday, June 1, 2018

Што студирате дефектологија или космологија?

Драги студенти,
Дваесет и четири години како што сум завршен доктор по медицина, и речиси 21 година на ФЗФ и ова што го добив денес во форма на семинарска не личи на ништо. Јас навистина не знам во која вселена лебдат некои студенти, но да се поднесе ваков труд до професор е повеќе од дезориетнираност во простор и време. Студентката по предметот Физиологија со функционална анатомија доби едноставна тема еритроцити, а погледнете ја литературата што наводно ја користела студентката. Со кого сакате да си подигрувате вие? На прашањето од каде ја купила, студентката кажа дека сама ја пишувала. Па сега вие сами заклучете дали треба уште да студира дефектологија или да се запише на космологија?! Од разбирливи причини тргнато е името на студентката. Оригиналот стои кај авторот и ќе стои додека работи на овој факултет како пример како не треба да се работи.


Предметен наставник

No comments:

Post a Comment