Должност ми е да ве потсетам на некои работи во врска со испитите од втората декада во јунската сесија. Испитот по ФФА ќе се полага на 19 јуни во 08:00 часот во големиот амфитеатар на ФЗФ. Испитите ХГ и МОИ ќе се полагаат на 20 јуни во 08:00 часот најверојатно во големиот амфитеатар (иако тој ден по распоред амфитеатарот припаѓа на ФЛФ). Алтернативно решение е електронската лабораторија. Ваша обврска е да дојдете 15-тина минути пред закажаниот термин и да имате пополнета и уплатена пријава за испит. Уплатницата да биде уредно прикачена за пријавата или кодот за уплата преку мобилен телефон да биде читливо запишан. Поради тоа што Студентскиот сервис на ФЗФ отвора во 08:00 часот ви укажувам порано да си ги снабдите пријавите. Ниту еден студент без уредна пријава и ниту еден студент што доцни нема да може да полага испит.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment