Monday, September 30, 2013

Пишување оцени - продолжена септемвриска сесија 2013

Почитувани студенти,
Утре 1 октомври ќе пишувам оцени од 10.00 до 13.00 часот. Ве молам за почитување на термините.
Предметен наставник

Излезе од печат најновиот број на ДТП/JSER Вол.14., 3-4, 2013

Почитувани читатели,
Сакам да ве информирам дека денес 30 септември 2013 година излезе од печат најновиот број на списанието Дефектолошка теорија и практика Вол.14., 3-4, 2013. Во продолжение ви го претставувам предговрот кон новиот број.

Драги читатели,
На еден месец пред прославувањето на 20-годишниот јубилеј на Институтот за дефектологија, колегите забрзано ги спроведуваат последните подготовки. Како што беше веќе наведено
во минатиот број, Меѓународната конференција ќе се одржи во хотел „Метропол“ во Охрид
од 17 до 19 октомври 2013 година. Се очекува присуството на околу 150 гости од регионот и
на поканети предавачи од Англија. Ова е уште една добра можност да ве поканиме да учествувате на оваа наша конференција и со тоа да ги збогатите вашите знаења со модерните аспекти на специјалната едукација и рехабилитација. Од Конференцијата се планира печатење
на зборник на резимеа и зборник на трудови, кои, за жал, нема да бидат наша специјална едиција, а тоа е така поради концепциски разлики со повеќето од колегите од Институтот.
Во меѓувреме списанието ги засилува своите сциентометриски параметри. На пример, неодамна добивме вредност за универзален фактор на влијание (UIF 2012 = 1.0985), а вредностите за h5-индексот и h5-медијаната за 2013 изнесуваат 2. Должен сум да напоменам дека универзалниот фактор на влијание не се однесува на познатиот фактор на влијание што го доделува компанијата „Томсон Ројтерс“.
Што ново ни носи овој број? Тоа што радува е зголемениот број на нови автори кои за првпат
објавуваат во ова списание. Авторите Киткањ и Георгиева говорат за растројствата во однесувањето кај адолесцентите со лесна интелектуална попреченост. Во оваа прва рубрика авторите од Хрватска н¢ запознаваат со задоволството на родителите за раните мерки на грижа за децата со интелектуално нарушување. Рејченберг и Ловгрен од Шведска пишуваат за општествената практика за наставата по читање и пишување во училиштата за ученици со интелектуална попреченост. Италијанските автори во рубриката Психолошко-педагошки преглед настапуваат со еден провокативен наслов: Што знаеме за „нарушувањата во приврзувањето“?
Колешките Рајовиќ и Јовановиќ ги обработуваат бариерите за инклузивното образование правејќи преглед на ставовите на српските наставници за инклузивното образование во изминатите 10 години. Уште еден труд за интеграцијата и инклузијата во израелскиот едукативен
систем и израелското општество е прикажан во рубриката наменета за практичарите. Во последната секција Новини од светот, авторите го анализираат Ушеровиот синдром во образовнaтa средина во Индија.
Во стандардната рубрика Вести и информации среќаваме корисни информации за трибината
одржана на Филозофскиот факултет во Скопје по повод Светскиот ден на лицата со Down
синдром, за одбележувањето на Светскиот ден на лицата со аутизам, како и попрецизни информации за претстојната меѓународна конференција што ќе се одржи во Охрид. Во овој број
има и резиме од еден одбранет магистерски труд под наслов Квалитетот на односот меѓу
браќата и сестрите во семејствата кои имаат дете со аутизам и резиме од одбранета докторска дисертација под наслов Проценка на самостојноста во изведувањето на секојдневните активности и потребата од окупациона терапија кај лицата со мултиплекс склероза.
Како и во претходните броеви така и во овој ќе ги забележите редовните рубрики: Библиографија, Листа на рецензенти и Индекс на автори.
Учеството на конгреси и објавувањето на научни трудови претставува обврска и должност за
секој истражувач.
Со почит,
Главен и одговорен уредник


Резултати испит ХГ - дополнителна септемвриска сесија 2013

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Честитки до положените студенти, а за другите не знам што да речам. Се утепав од зборување, но нема ефект.
Предметен наставник

Резултати од испитот ФФА - дополнителна септемвриска сесија 2013

Почиитувана студенкте,
Испитот Физиологија со функционална анатомија го полагаше само една студенка - Натакија Ивановска и го положи со 40 поени. Моите искрени честитки. Сега следува потешкиот дел од работата а тоа е прегледување на тестовите по ХГ кои се помногубројни. Резултатите следуваат за неколку часа.
Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ - дополнителна септемвриска сесија 2013

Почитувани студентки,
Испитот Медицински основи на инвалидноста го полагаше Крчаноска Ленче и го положи со 39 поени. Испитот Медицински основи на инвалидноста 2 го полагаше Јанакиева Соња и за жал не го положи со 27 поени.
Предметен наставник

Sunday, September 29, 2013

Scot James лице со аутизам на X factor

Драги колешки и колеги,
На отворањето на 10-от конгрес на Аутизам Европа присуствуваше Scot James лице со аутизам кое пред 4 години ги има освоено срцето на милиони луѓе обожаватели на добрата музика. Преслушајте ја изведбата на You raise me up, прекрасна изведба нели.


Monday, September 23, 2013

Проработе стариот блог на Blog.mk

Драги мои пријателки и пријатели,
Со задоволство сакам да ве информирам дека по 7 месеци проработе мојот стар блог Vladotra кој го водев скоро 6 години. На него пишува дека температурата моментално во Скопје е 21 степен целзиусов Од за мене необјасниви причини не можев да постирам нови постови. По повеќекратни замолувања на вработените во Оннет конечно се најде една вистинска дама Катерина Грозданова, на која јавно и благодарам за помошта да проработи истиот. Сега имам една голема дилема дали да продолжам овде или да се вратам на стариот блог. Или ќе постирам и на двата, па вие следете ме, нема да ви биде проблем нели :)
Искрено ваш блогер Владотра

Дополнителна сесија - 30.09.2013

Почитувани студенти,
Пред малку го добив известувањето за дополнителна сесија. Иако не е задолжителна сесија за нас професорите, сепак сакам да ви излезам во пресрет. Сите мои испити ќе се полагаат во понеделник 30.09.2013 со почеток во 09:00 часот. Зборно место ќе биде пред библиотека на нашиот Институт и вие треба да дојдете петнаесетина минути порано со заверени пријави и прикачени уплатници. Сесијата не важи ми се чини за најновата програма на студирање започната од минатата година.
Предметен наставник

Saturday, September 21, 2013

Второ предавање ХГ - 24.09.2103

Драги студенти,
Најверојатно во вторник 24.09.2013 во слушална 11 ќе се одржи второто предавање по предметот Хумана генетика и тоа со почеток во 08:00 часот. Според силабусот ќе стане збор за еукариотска клетка, органели од значење за генетиката, хромозоми, регулација на клеточен циклус. Повелете видео клипови кои ќе ви помогнат во совладување на материјалот.
Предметен наставник

Консултации по предметот МОИ - уште една промена

Почитувани студенти од втора година,
Ви се обраќам вам кои го одбравте предметот Медицински основи на инвалидноста и воедно ви благодарам што го сторивте тоа. Сакам да ве известам дека првите консултации по предметот ќе се случат на 24.09.2013 (вторник) во 11:30 часот во библиотеката на Институтот. Ве молам сите за присуство, бидејќи немам време на сите поединечно да ви објаснувам за тоа што треба да се работи во текот на семестарот и да ви давам посебно задачи за 15 ЕКТС поени. Искрено се надевам на вашето присуство во полн состав и замолувам една колешка да дојде да ме повика кога ќе бидете сите собрани во библиотеката.
Предметен наставник

Консултации за студентите од Институт за психологија

Почитувани студенти од прва година на Институт за психологија,
Сакам да ве известам дека првите консултации ќе се остварат во понеделник на 23.09.2013 во библиотеката на Институтот за дефектологија што се наоѓа на призмејето на факултетот веднаш до Студентскиот сервис со почеток во 10:45 часот. Треба да дојдат студентите што одбрале Генетика и Физиологија и воедно им благодарам што ме одбрале мене како наставник.
Предметен наставник

Второ предавање ФФА - 23.09.2013

Драги студенти,
На предавањето по Физиологија со функционална анатомија во понеделник ќе стане збор за клеточна организација, клеточни органели, клеточна мембрана, телесни течности, осмотски притисок, електролити и слично. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови.
Предметен наставник

Friday, September 20, 2013

Вонредни предавања ФФА и ХГ

Драги студенти,
Поради моето службено патување идниот четврток и петок, принуден сум да ги поместам предавањата за понеделник (ФФА) и вторник ХГ и тоа во слушална 11 на ФЗФ. Предавањата започнуваат од 08:00 часот и ќе траат до 10:30 часот.
Предметен наставник

СООПШТЕНИЕ за втор циклус студии за запишување на зимски семестар во учебната 2013/2014 година


Запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2013/2014 година ќе се врши во периодот од 01.10.2013 година до 10.10.2013 година.
·        Студентите запишани на втор циклус студии ( 60 кредити/ II семестри) во учебната 2012/2013 и кои ги немаат положено сите испити од првиот (зимскиот) семестар заклучно со септемвриската сесија потребно е да извршат презапишување на неположените предмети во зимскиот семестар во учебната 2013/2014 година. При презапишувањето потребно е да се достават следниве документи:
-         индекс;
-         образец за запишување на семестар 
-         доказ за уплатени 50,00 денари административна такса;
-         уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од неположените предмети на сметката на Филозофскиот факултет.
·        Студентите запишани на двегодишна студиска програма (120 кредити/IV семестри) запишуваат нареден семестар по следниот редослед:
-         трет семестар: студентот најпрво ги запишува заостанатите неположени предмети од I семестар, потоа ги запишува задолжителните предмети од тековниот семестар и  на крајот изборните предмети од тековниот (III -трет) семестар. Збирот од запишаните предмети во семестарот не смее да изнесува повеќе од 35.
При презапишувањето потребно е да се достават следниве документи:
-         индекс;
-         образец за запишување на семестар 
-         доказ за уплатени 50,00 денари административна такса;
-         уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од запишаните предмети на сметката на Филозофскиот факултет.
·        Студентите запишани на втор циклус студии на студиската програма  Интеркултурни студии запишуваат II семестар (зимски семестар) во учебната 2013/2014 со следните документи:
-         индекс;
-         образец за запишување на семестар 
-         доказ за уплатени 50,00 денари административна такса;
-         уплата на трета рата во износ од 15.000,00 денари на сметката на Филозофскиот факултет.

Од Деканатот

Thursday, September 19, 2013

Прво предавање ФФА - 20.09.2013

Драги студенти,
Денес бевте одлична публика. Само продолжете со таа редовност. Сигурно сакате да слушнете што ќе зборувам утре. Утре ќе зборуваме за вовед во анатомија и физиологија, функционална организација и општ план на телото, хомеостаза, состав на човечкото тело. Ве молам доколку имате време да ги погледнете следните клипови.
Предметен наставник







Wednesday, September 18, 2013

Прво предавање ХГ - 19.09.2013

Почитувани студенти,
Утре ќе биде првото предавање по Хумана генетика, на кое ќе се дискутира за поим на генетиката, генетски дисциплини, менделова генетика, гени, мултипен алелизам, интеракција на гени, својства на гени и дејство на гени. Предлагам да погледнете неколку видеа поврзани со утрешното предавање.
Предметен наставник














Први предавања Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија

Почитувани студенти од прва година,
Да ви го соопштам распоредот на часови по предметите Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија за 19.09 и 20.09. кој важи само за оваа прва недела.
Утре (19.09.2013) започнуваме со предавање Хумана генетика од 08:00 часот до 10:30 часот
Вежби прва група Хумана генетика од 11:00 до 12:30
Вежби втора група Хумана генетика од 12:30 до 14:00

Петок (20.09.2013)
Предавање Физиологија со функционална анатомија од 08:00 часот до 10:30 часот
Вежби прва група Физиологија со функционална анатомија од 11:00 до 12:30
Вежби втора група Физиологија со функционална анатомија од 12:30 до 14:00

Предметен наставник

Артур Гајтон, Џон Хол - Медицинска физиологија

Почитувани колешки и колеги,
Пред мене се наоѓа најновото издание на учебникот Медицинска физиологија од легендарниот Артур Гајтон и Џон Хол, благодаение на господата од Академски печат кои ми го подарија истото. Ова е учебник за прв пат преведен на македонски јазик, а е во рамките на 1000 преводи од Владата на РМ. Во оваа пригода јавно им благодарам на издавачот Академски печат за одлуката да ми го подарат. Јас имав едно издание на српско-хрватски јазик од 1988 година од времето кога бев студент. Овој учебник е алфа и омега за физиологијата. Доколку сакате да ги научите основите на физиологијата, неминовно е да го прочитате неколку пати и патем да го научите. Добар доктор по медицина без него не бива. Во луксузна, тврда корица, отпечатен на мазна хартија во боја претставува стимул во рацете на секој млад научник. За негоХол вели  дека тој е ненадминат физиолог кој имал објавени над 600 трудови, преку 40 книги и еден од најголемите физиолози во историјата на медицината. Иако со прележан полиомиелитис тоа не го спречило да развива нови концепти и нови методи во современата физиологија со особен акцент на кардиоваскуларната физиологија. Со сопругата имале 10 деца и сите станале врвни доктори по медицина во САД. Тој бил инспиративен пример и за животот и за науката. Иронично но вистинито тој трагично го завршува неговиот живот на 3 април 2003 година во сообраќајна незгода на 84 годишна возраст. Артур Гајтон во многу го задолжи светот со неговите оставини. Мене не ми преостанува ништо друго, туку топло да ви ја препорачам оваа книга, особено на медицинарите кои не би требало да го замислат студирањето без неа.
Почитувач на делото на Артур Гајтон


Monday, September 16, 2013

Литература по предметот Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година,
Ви ја проследувам литературата по предметот Хумана генетика. Првите две референци се задолжителни, а останатите за надоградување на знаењето и повисока оцена.




1.Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005.
2.Трајковски В. Практикум по хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003.3.
3.Михајловиќ Љ, Михајловиќ Н. Хумана генетика. Висока медицинска школа струкових студија, Ќуприја, 2009.
4.Ninković D. Medicinska genetika. FASPER, Beograd, 2007.
5.Jorde LB, Carey JC, Bamshad MJ, White RL. Medical Genetics. 2nd edition, Mosby Inc., St Louis, 2000. 
6.Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001.
7.Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol I, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997.
8.Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol II, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997.

Предметен наставник

Литература по предметот Физиологија со функционална анатомија

Почитувани студенти од прва година,
Ви ја проследувам потребната литература по предметот Физиологија со функционална анатомија. Првите две референци се задолжителна литература, а другите се за надоградување на материјалот и повисока оцена.





1.Трајковски В. Физиологија со функционална анатомија на човекот. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2009.
2.Трајковски В, Рашиќ О. Практикум по физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2009 (интерна скрипта).
3. Гајтон А, Хол Џ. Медицинска физиологија. Академски печат, Скопје, 2012.
4. Stabler T, Peterson G, Smith L, Gibson M, Zanetti N. PhysioEx 6.0 for Human Physiology laboratory simulations in physiology. Pearson Benjamin Cummings, San Francisco, 2009.
5. Marieb EN. Essentials of Human Anatomy & Physiology. Pearson Benjamin Cummings, San Francisco, 2010.
6. Guyton CA. Fiziologija čovjeka i mehanizmi bolesti. Medicinska naklada, Zagreb, 1995.
7. Mujović MV. Medicinska fiziologija (kompendium). A-Z book, Beograd-Kosovska Mitrovica, 2004.
8. Germann WJ, Stanfield CL. Principles of Human Physiology. Pearson Benjamin Cummings, San Francisco, 2005.

Предметен наставник

Sunday, September 15, 2013

Список на студенти за вежби по Хумана генетика - 2013

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог можете да го најдете списокот на студенти за практични вежби по предметот Хумана генетика. Вежбите започнуваат на 19 и 20 септември во лабораторијата на Педагошки факултет според распоредот објавен претходно. Доколку некој студент од постарите генерации што треба да преслушува (нема потпис досега по моите предмети) не се најде на списокот должен е веднаш да ми се јави за да го ажурираме списокот.
Предметен наставник

Список на студенти за вежби по Физиологија со функционална анатомија - 2013

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог можете да го најдете списокот на студенти за практични вежби по предметот Физиологија со функционална анатомија. Вежбите започнуваат на 19 и 20 септември во лабораторијата на Педагошки факултет според распоредот објавен претходно. Доколку некој студент од постарите генерации што треба да преслушува (нема потпис досега по моите предмети) не се најде на списокот должен е веднаш да ми се јави да го ажурираме списокот.
Предметен наставник

Friday, September 13, 2013

Распоред на часови за прва година - драфт верзија

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог е драфт верзијата од распоредот на часови. Не се ставени изборните предмети кои треба да ги заокружите во текот на наредната седмица.
Предметен наставник

Thursday, September 12, 2013

Силабус по Физиологија со функционална анатомија - 2013

Почитувани студенти од прва година,
Во прилог можете да го најдете силабусот по Физиологија со функционална анатомија. Предавањата се во петок и вежбите за втора група, а вежбите за прва група во четврток. Преку овој силабус ќе можете да се запознате со текот на предавањата и вежбите.
Предметен наставник

Силабус по Хумана генетика - зимски семестар 2013

Почитувани студенти од прва година,
Идната седмица започнува новата академска година па редно е да го приложам силабусот по предметот Хумана генетика. Предавањата ќе се одвиваат во четврток, како и вежбите за прва група. Вежбите за втора група ќе се одвиваат во петок.
Предметен наставник

Термини за консултации - зимски семестар 2013

Почитувани студенти, колешки и колеги,
Сакам да ве информирам дека термините за консултации во зимскиот семестар се следните:
Понеделник од 10:00 до 12:00 часот
Вторник од 10:00 до 12:00 часот
Нека е со среќа почетокот на новата акдемска 2013/2014 година која ќе започне на 16.09.2013 година.
Предметен наставник

Wednesday, September 11, 2013

Пишување оцени

Почитувани студенти,
Сите вие кои имате положено испити кај мене во оваа сесија, ве поканувам утре (четврток) во период од 11:00 до 14:00. Оцената се зема лично.
Предметен наставник

Monday, September 9, 2013

Lana Del Rey - Summertime Sadness

Драги мои,
Одамна немало музика кај мене на блог. Па нели е празник, ајде си реков етен летен хит Summertime Sadness во ремикс на Cedric Gervais. Уживајте во нумерата. Нема шанси да не ви се допадне, јас ви гарантирам :)
DJ Vac


Saturday, September 7, 2013

Труд од JSER цитиран во Nepal Journal of Medical Sciences

Драги читатели на JSER,
Сакам да ве информирам дека нашата планетарна видливост се зголемува. Трудот од нашето списание Lakhan R. Inclusion of children with intellectual and multiple disabilities: a community based rehabilitation approach, India. Journal of Special Education and Rehabilitation 2013; 14:79-97 е цитиран во Nepal Journal of Medical Science. Доколку ве интересира трудот Early intervention services to children with developmental delay in resource poor settings in India кликнете на насловот и ќе го добиете во ПДФ формат.
Главен и одговорен уредник

Friday, September 6, 2013

Резултати од испитот Хумана генетика - септември 2013

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Има само две кандидатки што го положија испитот. Им честитам. Сите оние кои имаат до 10 поени не фатиле книга и ќе треба уште многу да вложат напори. Оние од 11 до 25 поени им треба уште прилично учење, а оние кои имаат од 25 до 35 поени се блиску до положување на испитот. Надевајте се на дополнителна сесија.
Предметен наставник

Резултати од испитот МОИ

Почитувани студенти,
Денешниот испит по Медицински основи на инвалидноста го полагаше Ленче Крчаноска и освои само 31 поен, што не е доволно за преодна оцена.
Предметен наставник

Thursday, September 5, 2013

Резултати испит ФФА - септември 2013

Почитувани студенти,
Еве по 12 часовна работа на факултет конечно да ви ги предадам резултатите од утринскиот испит Физиологија со функционална анатомија. Честитки за положените, а за останатите веднаш да седнат и да учат. Наслушнувам ќе имало дополнителна сесија. Терминот за пишување оцени ќе биде идната седмица и ќе биде објавен овде на мојот блог. Затоа ве молам да не ме прашувате постојано кога ќе пишувам оцени.
Предметен наставник

Резултати од испити Генетика и Физиологија - септември 2013

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог се резултатите од денес одржаните испити по Физиологија и Генетика. Честитки за положените.
Предметен наставник

Monday, September 2, 2013

Конкурс за запишување втор циклус на студии

Почитувани колешки и колеги,
УКИМ го распиша конкурсот за втор циклус на студии во учебната 2013/2014 година. Она што е најинтересно за нашиот Институт е дека ќе имаме новини од нареднава учебна година, а тоа е воведувањето на двогодишни студии по специјална едукација и рехабилитација и се воведува нова насока инклузивно образование од областа на специјалната едукација и рехабилитација. Слободни места има за 30 постдипломци по насока. цената за едногодишните студии е 1924 евра, а за двогодишните студии е 3028 евра. На страна 4 од документот можете да ги видите овие информации за нашите студиски програми.
Раководител на ННК