Запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2013/2014 година ќе се врши во периодот од 01.10.2013 година до 10.10.2013 година.
·
Студентите запишани на
втор циклус студии ( 60 кредити/ II семестри) во учебната 2012/2013 и кои ги немаат положено сите испити од првиот (зимскиот) семестар заклучно со септемвриската
сесија потребно е да извршат презапишување на неположените предмети во зимскиот
семестар во учебната 2013/2014 година. При презапишувањето потребно е да се
достават следниве документи:
-
индекс;
-
образец за запишување на семестар
-
доказ за уплатени 50,00 денари административна такса;
-
уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од
неположените предмети на сметката на Филозофскиот факултет.
·
Студентите запишани на
двегодишна студиска програма (120 кредити/IV семестри) запишуваат нареден семестар по следниот редослед:
-
трет семестар: студентот најпрво ги запишува
заостанатите неположени предмети од I семестар, потоа ги запишува задолжителните предмети
од тековниот семестар и на крајот
изборните предмети од тековниот (III -трет) семестар. Збирот од запишаните предмети во семестарот не смее да
изнесува повеќе од 35.
При
презапишувањето потребно е да се достават следниве документи:
-
индекс;
-
образец за запишување на семестар
-
доказ за уплатени 50,00 денари административна такса;
-
уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од
запишаните предмети на
сметката на Филозофскиот факултет.
·
Студентите запишани на
втор циклус студии на студиската програма
Интеркултурни студии запишуваат II семестар (зимски семестар) во учебната 2013/2014 со следните документи:
-
индекс;
-
образец за запишување на семестар
-
доказ за уплатени 50,00 денари административна такса;
-
уплата на трета рата во износ од 15.000,00 денари на сметката на Филозофскиот факултет.
Од Деканатот
No comments:
Post a Comment