Monday, June 30, 2014

The Genetics of Alcohol and Other Drug Dependence

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да споделам еден интересен труд со вас, бидејќи има се` уште такви кои не знаат дека генетиката си има свое влијане во настанокот на алкохолимот и болестите на зависност. Трудот носи наслов: The Genetics of Alcohol and Other Drug Dependence од авторите Danielle M. Dick, и Arpana Agrawal. Со клик на насловот на трудот го добивате трудот во ПДФ.
Предметен наставник

Thursday, June 26, 2014

Термини за полагање испити - септември 2014 за втор циклус стгудии

Почитувани постдипломци,
Ви ги споделувам термините за полагање испити од втор циклус студии по моите предмети.

Прва декада
12.09.2014 Аутизам во 9:00 часот
12.09.2014 Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 12:00 часот

Втора декада
24.09.2014 Аутизам во 9:00 часот
24.09.2014 Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања во 12:00 часот.

Предметен наставник

Wednesday, June 25, 2014

Дипломските овој јуни 2014

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да останам доследен на мојата практика на јавно споделување на дипломските трудови под мое менторство. Бидејќи во последните 10 дена пет кандидатки имаа свои одбрани не бев во можност една по една да ги поставувам и одлучив сите пет да одат во еден пост. Им благодарам на храброста на сите кандидатки што ме одбраа токму мене за ментор, иако знаеја дека нема да им биде нималку лесно. Некои имаа поголем, некои помал успех, некаде малку попуштивме, но се со една цел, да заокружиме со највисока оцена една студентска кариера. Но, оцените се најмалку битни. Битно беше студентите да сфатат како се прави истражување, како методолошки да го постават трудот, што е статистичка обработка на податоци и што означува хи квадрат тестот, на пример. И покрај огромниот обем на работа кој го имав со нив се надевам дека некого не оштетив и дека успеав на сите рамномерно да им го распределам времето за консултации кои ги имаше и во живо и електронски и по социјални медиуми. Искрено се надеам дека на моите дипломки покрај потребното знаење им всадив некои карактеристики а тоа се: да се биде праведен, човечен, чесно да се заработува денарот и слично. Но, да не должам многу со филозофски анализи да ги погледнеме кандидатките сега дефектолози со нивните теми и датуми на одбрана.

3. Андријана Тодоровска: Здравствена заштита на лицата со аутизам на 20.06.2014

Уште еднаш честитки до сите нив. Уживајте во читањето на истите и не заборавајте да ги цитирате доколку ги користите.
Менторот

Системи за референцирање

Почитувани читатели,
Често пати не знаете по кој систем да референцирате. Нема грешен или точен систем. Се избира онака како му одговара на авторот, како е барано од списанието, факултетот или универзитетот. Ќе дадам линкови до најчесто употребуваните системи, а тоа се три: АПА стилот, Харвардскиот стил и Ванкуверскиот стил.
АПА стил
Харвардски стил
Ванкуверски стил
Со среќа цитирањето.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Tuesday, June 24, 2014

Ten Tips to keep in mind when writing articles

Sung-Tae Hong, Journal of Korean Medical Science, Korean Academy of Medical Sciences, Seoul, Korea
Writing a good quality scientific article takes experience and skill but the process can be helped by following basic principles.I propose ‘TEN Tips’ that editors can encourage authors to use to improve their manuscripts. These have been developed to facilitate reader-friendly scientific communication and citation.They may help peer review or editing as well as writing. The Ten Tips have a culinary flavour. It is strongly recommended towrite the first draft rapidly, then allow it to cook slowly, tasting repeatedly. During the drafting and slow cooking, prepare and trim the manuscript following the Ten Tips:
1.Keep to a clear plan for the article: plan the article carefully before writing, including contents, conclusion, target journal, authorship and references
2.Keep to the formatting requirements of the target journal
3.Keep consistency: prepare the manuscript using a consistent flow of contents or items
4.Keep scientific confidence: all authors must be confident of their results and conclusion
5.Keep your story: write the manuscript to tell a scientific story
6.Keep sentences sexy: make sentences simple and short
7.Keep in mind Rule of Ten 1: only 10% of people who readthe title go on to  read the abstract, so an informative and attractive  title is essential
8.Keep in mind Rule of Ten 2: only 10% of people who read the abstract go on to read the text
9.Keep the Rule of First and Last: begin the text with a topic paragraph and close it with a resolution paragraph. Begin each   paragraph with a topic sentence and close it with a
resolution sentence
10.Keep connecting words: connect sentences by repeating keywords within a paragraph.

Monday, June 23, 2014

Дарко Домијан - музички Мементо

Драги пријателки и пријатели,
Започна летото, испитите завршија, уште две дипломски да завршиме и неколку консултации и готова уште една учебна година. Тоа ми дава за право да најдам време да се вратам назад во 70-тите на еден хрватски поп пејач кој не е толку популарен во сегашно време, но тогаш беше доста познат и признат. За денес се одлучив за Дарко Домијан кој е роден во 1952 година во Карловац, Хрватска, а ќе ја преслушате песната „Улицата на јоргованите„ се разбира ако стиснете на линкот. Имајте убав ден исполнет со разбирање.
DJ Vac


15 ЕКТС поени - јуни 2014

Почитувани студенти,
Во четврток на 26 јуни во периодот од 10:00 до 13:00 часот ќе можете да дојдете да земете материјали, т.е. повеќето од вас да ги бранат своите задачи и да се стекнат со право за полагање на испит. Напоменувам дека ова е последен таков термин до 20 август годинава.
Предметен наставник

Saturday, June 21, 2014

JSER доби Global Impact Factor за 2012 и 2013

Почитувани читатели на ДТП/JSER,
Сакам да ве известам дека списанието Journal of Special Education and Rehabilitation доби Global Impact Factor за 2012 и 2013 година. За 2012 година изнесува 0.567, а за 2013 година изнесува 0.610. Ова е уште еден успех на нашата редакција кој ја докажува нашата макотрпна и секојдневна борба за подобрување на квалитетот на списанието и негова поголема видливост и цитираност во светот на науката.
Главен и одговорен уредник

Monday, June 16, 2014

Драган Мијалковски - Сите песни ги знам

Драги мои,
Одамна без музика на блогов. Сега е вистинско време и покрај сите премрежја. Се одлучив за најдобриот жив поп вокал на сите времиња во Македонија, барем според моите скромни критериуми. Песнава е изведена во оригинал на германски јазик во 1977 година на фестивал во Дрезден во Германија каде ја освоил првата награда. Неодамна беше реизведена на Макфест и тоа во македонско-германска верзија. Овде ќе ја слушнете македонската верзија. Се работи за одличен евергрин на Драган Мијалковски, a нумерата носи наслов „Сите песни ги знам„. Преслушајте ја нема да згрешите.
DJ Vac

Friday, June 13, 2014

Ментор на дипломски работи - јуни 2014 година

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ги најавам дипломските трудови што ќе се бранат под мое менторство овој месец. Тоа се следните кандидатки и трудови:

  1. Билјана Спасовска - Апраксија кај пациенти со прележан мозочен удар на 16.06.
  2. Мери Трпеска - Здравствена заштита на лицата со интелектуална попреченост  на 18.06.
  3. Андријана Тодоровска - Здравствена заштита на лицата со аутизам на 20.06.
  4. Тамара Цицковска - Инклузија во редовните училишта на децата со аутистичен спектар на нарушувања во југозападна Македонија на 24.06.
  5. Катерина Стојчевска -  Стоматолошка здравствена заштита на децата со посебни потреби на 25.06.
Заради виша сила некои од термините можно е да бидат променети ако има потреба од тоа. Им посакувам многу успех на моите дипломки.
Менторот

Wednesday, June 11, 2014

Лажни профили и лажни внуци

Почитувани студенти,
Вчера две студентки ми се пожалија дека некој од лажен профил на ФБ им се претставувал дека е мој внук и им кажувал дека може да им фати ургенција по моите предмети. По принципот на веројатност кај едната погодил дека добила 5 на испитот, но кај другата се излажал, бидејќи таа за нејзина среќа помина во изминатава сесија. Разговорот меѓу тнр. „внук„ и едната студентка го имам во инбокс и морам јавно да се оградам од ваквите лаги, невистини кои не знам кому му служат и со каква намена се генерираат. Можно е овој тип слично нешто да правел и со други студентки, затоа сметам дека треба да го игнорирате. Ве замолувам да не прифаќате за пријатели луѓе со лажни профили кои се обидуваат да ви наместат испит кај мене, бидејќи и сами знаете дека тоа апсолутно не е возможно. Мене ми е многу жал што некој се обидува да го валка мојот образ, но законот за сите е ист, без разлика кој каде работи.
Предметен наставник

Monday, June 9, 2014

Пишување оцени - 10.06.2014

Почитувани студенти,
Сите вие кои ги положивте испитите во јунска сесија ве поканувам утре вторник 10 јуни на крајот од учебната година за учениците, во период од 08:00 до 10.30 часот да си ја земете вашата заслужена оцена. Пишувањето на оцени е со лично присуство на студентот. Утрешниот термин важи и за другите предмети во кои сум член на комисија.
Предметен наставник

Thursday, June 5, 2014

Резултати од испитот ХГ - 05.06.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика. Истите се многу подобри од вчера. Им честитам на десетте студенти кои го положија испитот. Пишување на оцени наредната недела за што ќе бидете навремено информирани на овој блог.
Предеметен наставик

Резултати од испитот Фонијатрија - 05.06.2014

Почитувани,
Студентката со број на индекс 4459/06 што утрово го полагаше испитот Фонијатрија за жал не го положи истиот и доби оцена 5.
Предметен наставник

Wednesday, June 4, 2014

Како да направите добри слајдови?

Драги мои дипломци, магистранти и докторанди,
Знам дека овој месец ќе има доста дипломски и магистерски одбрани, па така овој пост е прав погодок за вас. Се надевам дека паметно ќе го искористите овој пример и ќе го примените во вашите експозеа. Во презентацијата станува збор како да наравите: структура на слајдот, фонт, боја,  позадина, слики, печатни грешки и слично.
Вашиот ментор

Резултати од испитот ФФА - 04.06.2014

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот испит Физиологија со функционална анатомија. Добро е што се објавувааат само броеви на индекси, зашто некого ќе го изедеше голема брука. Студентката од Институтот за психологија со број на индекс 7450/11 освои само 28 поени и не го положи испитот.
Предемтен наставник

Sunday, June 1, 2014

Пишување оцени - јуни 2014

Почитувани студенти,
Сите вие кои што положивте во првата декада, или преку колоквиуми МОИ, ве поканувам утре 2 јуни во периодот од 10:00 до 13:00 часот да земете оцена. Ќе има само уште еден термин за пишување оцени кој ќе се одржи по 11 јуни. Заради преголем број на обврски и набиена агенда нема да можам да ви пишувам оцени кога вие ќе посакате. Затоа ве молам да се придржувате до термините.
Предметен наставник