Monday, June 23, 2014

Дарко Домијан - музички Мементо

Драги пријателки и пријатели,
Започна летото, испитите завршија, уште две дипломски да завршиме и неколку консултации и готова уште една учебна година. Тоа ми дава за право да најдам време да се вратам назад во 70-тите на еден хрватски поп пејач кој не е толку популарен во сегашно време, но тогаш беше доста познат и признат. За денес се одлучив за Дарко Домијан кој е роден во 1952 година во Карловац, Хрватска, а ќе ја преслушате песната „Улицата на јоргованите„ се разбира ако стиснете на линкот. Имајте убав ден исполнет со разбирање.
DJ Vac


No comments:

Post a Comment