Wednesday, June 25, 2014

Дипломските овој јуни 2014

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да останам доследен на мојата практика на јавно споделување на дипломските трудови под мое менторство. Бидејќи во последните 10 дена пет кандидатки имаа свои одбрани не бев во можност една по една да ги поставувам и одлучив сите пет да одат во еден пост. Им благодарам на храброста на сите кандидатки што ме одбраа токму мене за ментор, иако знаеја дека нема да им биде нималку лесно. Некои имаа поголем, некои помал успех, некаде малку попуштивме, но се со една цел, да заокружиме со највисока оцена една студентска кариера. Но, оцените се најмалку битни. Битно беше студентите да сфатат како се прави истражување, како методолошки да го постават трудот, што е статистичка обработка на податоци и што означува хи квадрат тестот, на пример. И покрај огромниот обем на работа кој го имав со нив се надевам дека некого не оштетив и дека успеав на сите рамномерно да им го распределам времето за консултации кои ги имаше и во живо и електронски и по социјални медиуми. Искрено се надеам дека на моите дипломки покрај потребното знаење им всадив некои карактеристики а тоа се: да се биде праведен, човечен, чесно да се заработува денарот и слично. Но, да не должам многу со филозофски анализи да ги погледнеме кандидатките сега дефектолози со нивните теми и датуми на одбрана.

3. Андријана Тодоровска: Здравствена заштита на лицата со аутизам на 20.06.2014

Уште еднаш честитки до сите нив. Уживајте во читањето на истите и не заборавајте да ги цитирате доколку ги користите.
Менторот

No comments:

Post a Comment