Вчера две студентки ми се пожалија дека некој од лажен профил на ФБ им се претставувал дека е мој внук и им кажувал дека може да им фати ургенција по моите предмети. По принципот на веројатност кај едната погодил дека добила 5 на испитот, но кај другата се излажал, бидејќи таа за нејзина среќа помина во изминатава сесија. Разговорот меѓу тнр. „внук„ и едната студентка го имам во инбокс и морам јавно да се оградам од ваквите лаги, невистини кои не знам кому му служат и со каква намена се генерираат. Можно е овој тип слично нешто да правел и со други студентки, затоа сметам дека треба да го игнорирате. Ве замолувам да не прифаќате за пријатели луѓе со лажни профили кои се обидуваат да ви наместат испит кај мене, бидејќи и сами знаете дека тоа апсолутно не е возможно. Мене ми е многу жал што некој се обидува да го валка мојот образ, но законот за сите е ист, без разлика кој каде работи.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment