Thursday, October 30, 2014

Шесто предавање ФФА - 31.10.2014

Почитувани студенти,
Во прилог ви ги проследувам видеоклиповите по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ќе продолжиме со анатомија на ЦНС.
Предметен наставник








Wednesday, October 29, 2014

Шесто предавање ХГ - 30.10.2014

Почитувани студенти,
Ви ги споделувам клиповите од шестото по ред предавање по предметот Хумана генетика.
Предметен наставник

Monday, October 27, 2014

Литература за предеметот Аутизам

Почитувани постдипломци,
Вие кои не сте го слушале предметот Аутизам би требало да ја консултирате следната литература за да га научите предметот. Се разбира дека може да учите и од друга литертура, но треба да се концентрирате на програмските содржини.
 

Задолжителна литература
Р. бр.
Автор
Наслов
Издавач
Година
1.
Трајковски В.
Аутизам и первазивни развојни нарушувања
Филозофски факултет, Институт за дефектологија
2011
2.
Трајковски В.
Аутизам
Филозофски факултет, Институт за дефектологија
2004
3.
Volkmar F.
Handbook of Autism and Pervasive Developmental Disorders, Vol 1: Diagnosis, Development, Neurobiology and Behavior (3rd Edition)
John Wiley and Sons Incorporated
2005
Дополнителна литература
Р. бр.
Автор
Наслов
Издавач
Година
1.
Glumbiћ N.
Odrasle osobe sa autizmom
Grad, Kragujevac
2006
2.
Hall L.J.
Autism Spectrum Disorders: From Theory to Practice
Prentice Hall
2008
3.
Whitman T.L.
The development of autism a self regulatory perspective
Jesica Kingsley Publishers
2004

 Предметен наставник

Server not found

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да се извинам на сите оние кои деновиве испраќале електронски пораки на мојата службена електронска пошта и на списанието на jser@fzf.ukim.edu.mk, како и за нефункцинирањето на веб страницата на JSER online. Иако друг е одговорен за овие медиуми, сепак доблесно е од моја страна да го сторам тоа, кога некој друг не го чини тоа. Имено, деканатот на ФЗФ е одговорен за сите сервери на ФЗФ, кои последниве 7 дена почесто се паднати, отколу што работат. Покрај моите 7-8 испратени електронски пораки директно до деканот (е-mail и sms), јас до ден денешен немам добиено одговор зашто се случува ова??? На нормални факултети во нормални држави надлежните органи пред да преземаат некакви активности (на пример миграција на хостинг и слично ги инфомираат своите вработени или пишуваат на своите веб страници дека во тој период заради тоа и тоа, веб страниците и емаил серверите нема да работат. Но, кај нас не е така, зашто надлежните органи би се заморувале со нешто што за нив е испод чест и губење време?
Драги мои, доколку ви врати порака серверот на ФЗФ ве молам испратете ми електорнска пошта на мојот приватен email: vladotra@yahoo.com 
За последиците околу не функционирањето на JSER online жалам, но не сносам никаква одговорност.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Friday, October 24, 2014

Термини за првите колоквиуми

Почитувани студенти,
Сакам со вас да ги споделам термините за првите колоквиуми по моите предмети. Да одиме по ред:
  1. Генетика и Физиологија за студенти од Институт за психологија и Институт за семејни студии на 05.11.2014 година.
  2. Хумана генетика за студенти од Институт за дефектологија на 06.11.2014 година.
  3. Физиологија со функционална анатомија за студенти од Институт за дефектологија на 12.11.2014 година.
Сите колоквиуми започнуваат во 08.15 часот и неопходно е да се дојде 15 минути порано пред библиотеката на Институтот за дефектологија на ФЗФ. Никакво доцнење на студентите нема да се толерира и ако се случи такво нешто студентите ќе бидат вратени да полагаат испит во јануарска сесија. Нека ви е со лесно подготовката на истите.
Предметен наставник

Thursday, October 23, 2014

Петти предавања ХГ и ФФА

Почитувани студенти,
Најпрвин нека ни е на сите честит денешниот празник. Ви ги проследувам видеоклиповите од петтите предавања по пред по предметите Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија. Се гледаме утре на предавања ФФА, вежби ХГ и потоа вежби ФФА.
Предметен наставник

Sunday, October 19, 2014

Објавен наш труд за Down синдром во Vox Medici вол.23 број 84

Почитувани читатели,
Со задоволство сакам да ве известам дека неодамна е објавен наш труд во популарното медицинско списание Vox Medici. Имено, со колешката Антонела Љубиќ објавивме еден мал дел од нејзиниот докторат. Се работи за трудот:

Љубиќ ДА, Трајковски ЕВ. Конгенитална-инфантилна езотропија. Vox Medici 2014; 23 (84): 357-359. Трудот е со отворен пристап и ќе можете да го симнете од следниот линк.
Коавторот

Saturday, October 18, 2014

Музичко мементо: ИТД бенд - Текила-Шила

Драги мои,
Саботно попладне и време за музичкиот Мементо на неколку часа пред натпреварот на Металург и Кил. Се присеќавам на 1986 година кога загрепската група ИТД бенд беше во својот зенит на својата слава на поранешните ЈУ простори. Оваа нумера Текила-Шила беше вистински летен хит со еден симпатичен спот кој за жал веројатно е цензуриран на јутјуб или пак нема кој да го постави. Потоа, се присеќавам 10 години подоцна 1995-1996 на текила забавите во екстрапопуларниот клуб „Манда„ долу во Мавровка, кога се пиеше текила како вода, а ретко кој беше пијан. Ех, Мементо, Мементо...
DJ Vac


Thursday, October 16, 2014

Како да направите добра постер презентација

Почитувани колешки и колеги,
Можеби сте се соочиле со дилемата како да направите добра постер презентација. Од помладите колеги сигурен сум дека никогаш немале таква можност на конгрес или конференција да го презентираат својот труд преку постер. Постојат фирми кои за пари можат да го направат тоа, но за да не плаќате многи ќе ви дадам некои корисни совети. На следниов линк ќе можете да најдете 10 златни правила за правење на добра постер презентација. Ако сакате да добиете добри совети за деизјанот на постерите кликнете овде. Ако сакате да видите кои се предностите и слабостите на постер презентацијата во споредба со оралната презентација одете тука.
Нека ви е со среќа подготовката на постерите!

Wednesday, October 15, 2014

Четврти предавања ХГ и ФФА - 2014

Почитувани студенти,
Утре и задутре ќе ги имаме четвртите предавања по предметите Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија. Погледајте ги може да имате само корист, но никако и штета.
Предметен наставник

Tuesday, October 14, 2014

Дополнителна сесија за втор циклус студии

Почитувани постдипломци,
Моите термини за дополнителна сесија за втор циклус студии се следните:
  1. Аутизам 27.10.2014 во 09:00 часот
  2. Медицинска рехабилитација на лица со моторни нарушувања 27.10.2014 во 12.00 часот.
Ги молам сите постдипломци што сакаат да полагаат задолжително да ми пратат електронска порака.
Предметен наставник

Monday, October 13, 2014

Презапишување и преслушување на предмети

Почитувани студенти,
Минатиот вторник на Институтот имавме состанок каде што од страна на раководителката ми беше пренесено дека според најновиот закон треба сите студенти што не ги положиле предметите ФФА и ХГ во предвидениот рок, истите да ги преслушуваат. Тоа е наредба и од деканатот, така што јас морам да се придружувам до правилата на игра. Не сакам некој воопшто да помисли дека јас некого „малтретирам„ со тоа што го терам повторно да преслушува. Термините за преслушување се следните и сите часови ќе се одвиваат во среда.
Физиологија со функицонална анатомија предавање од 08.00 до 11.00
ХГ вежби од 11.00 до 13.15
Физиологија со функционална анатомија 3-та година прва група од 13.15 до 14.45
Физиологија со функционална анатомија 3-та година втора група од14.45 до 16.15
Физиологија со функционална анатомија 2-ра година прва група од 16.15 до 18.30.
Студентите покрај овие термини ќе ги користат и термините за 1-ва година, а кои се истакнати во распоредот на часови објавен уште пред повеќе од 1 месец на овој блог и од неодамна на огласната табла на институот. Студентите кои не се редовни немаат потреба од преслушување на предметите. Во продолжение списоците за преслушување кои ги добив од координаторката на ЕКТС.
Предметен наставник



Физиологија со функционална анатомија – III година 


1
22830/12
2
22774/12
3
8185/12
4
7875/12
5
7872/12
6
22777/12
7
7869/12
8
8193/12
9
7870/12
10
7900/12
11
7914/12
12
7873/12
13
8189/12
14
7885/12
15
22773/12
16
7877/12
17
7878/12
18
8207/12
19
7879/12
20
7906/12
21
22827/12
22
22790/12
23
8182/12
24
8200/12
25
22776/12
26
7910/12
27
22819/12
28
7911/12
29
8235/12
30
7890/12
31
7904/12
32
7909/12
33
22811/12
34
7889/12
35
22824/12
36
7896/12
37
7886/12
38
22798/12
39
22816/12
40
7880/12
41
22803/12
42
22779/12
43
8186/12
44
7901/12
45
8218/12
 

Физиологија со функционална анатомија – II година
 
1.      
8416/13
2.      
8493/13
3.      
8389/13
4.      
8424/13
5.      
23107/13
6.      
8415/13
7.      
23101/13
8.      
23146/13
9.      
23156/13
10.   
23155/13
11.   
8391/13
12.   
23191/13
13.   
8379/13
14.   
23182/13
15.   
23164/13
16.   
8385/13
17.   
23144/13
18.   
23123/13
19.   
8414/13
20.   
23092/13
21.   
8404/13
22.   
23088/13
23.   
8375/13
24.   
8423/13
25.   
23152/13
26.   
8393/13
27.   
23100/13
28.   
23115/13
29.   
8425/13
30.   
23138/13
31.   
8506/13
32.   
23137/13


Хумана генетика – II година   


1.      
8416/13
2.      
8493/13
3.      
8389/13
4.      
23087/13
5.      
8424/13
6.      
23107/13
7.      
8415/13
8.      
23101/13
9.      
23146/13
10.   
23156/13
11.   
23155/13
12.   
23191/13
13.   
8379/13
14.   
23182/13
15.   
23164/13
16.   
8385/13
17.   
23144/13
18.   
23123/13
19.   
8390/13
20.   
8414/13
21.   
23092/13
22.   
23090/13
23.   
8404/13
24.   
23088/13
25.   
8375/13
26.   
8423/13
27.   
23152/13
28.   
8393/13
29.   
23100/13
30.   
23115/13
31.   
8425/13
32.   
23138/13
33.   
8506/13
34.   
23145/13
35.   
23137/13