Сакам да се извинам на сите оние кои деновиве испраќале електронски пораки на мојата службена електронска пошта и на списанието на jser@fzf.ukim.edu.mk, како и за нефункцинирањето на веб страницата на JSER online. Иако друг е одговорен за овие медиуми, сепак доблесно е од моја страна да го сторам тоа, кога некој друг не го чини тоа. Имено, деканатот на ФЗФ е одговорен за сите сервери на ФЗФ, кои последниве 7 дена почесто се паднати, отколу што работат. Покрај моите 7-8 испратени електронски пораки директно до деканот (е-mail и sms), јас до ден денешен немам добиено одговор зашто се случува ова??? На нормални факултети во нормални држави надлежните органи пред да преземаат некакви активности (на пример миграција на хостинг и слично ги инфомираат своите вработени или пишуваат на своите веб страници дека во тој период заради тоа и тоа, веб страниците и емаил серверите нема да работат. Но, кај нас не е така, зашто надлежните органи би се заморувале со нешто што за нив е испод чест и губење време?
Драги мои, доколку ви врати порака серверот на ФЗФ ве молам испратете ми електорнска пошта на мојот приватен email: vladotra@yahoo.com
За последиците околу не функционирањето на JSER online жалам, но не сносам никаква одговорност.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment