Почитувани студенти,
Кога ви недостасуваат поени тогаш ви давам да обработите труд од
списанието „Дефектолошка теорија и практика„, но често знам да дадам и
интернет ресурси. За да направите интернет ресурси треба да имате
интернет конекција да знаете да пребарувате преку Интернет пребарувачите
Google, Yahoo, Bing и други. Штом добиете
одредена тема вие треба на англиски јазик да пребарате минимум 5-6
интернет адреси, да ги одберете најдобрите делови од тие веб страници,
да ги копирате и да ги префрлите во Word документ на оригинален јазик.
Потоа документот убаво треба да го средите технички. На крај од
литературата треба да бидат наведени насловите и веб адресите кои сте ги
користеле во текот на пребарувањето. Првата страница е насловна како
кај семинарски трудови и по неа треба да има најмногу уште 4-5 страници.
Интернет ресурсите треба да се бранат во ден предвиден за таа цел и кој
ќе биде објавен на овој блог. Се надевам дека нешто ви е појасно сега.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment