Monday, May 31, 2021

Платформи за полагање испити ХГФ и ФФА

 Почитувани студенти,

Утре на 1 јуни 2021 година ќе се полагаат испитите Хумана генетика и физиологија со почеток во 08:00 часот и Физиологија со функционална анатомија со почеток во 09:00 часот. Испитите ќе траат по 25 минути. Иако добро ви се познати линковите до платформите, сепак еве се одлучив уште еднаш да ви ги линкувам. Потребно е да бидете најмалку 10 минути порано на платформата.

Среќно!

Предметен наставник

Sunday, May 30, 2021

Напомени за полагање на електронските испити

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
  • Ниеден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате кажано на вашите колеги и колешки кои правеа списоци во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Задолжително да напишете име, презиме и број на индекс вклучително со годината на упис. На пример 10681/20, а не само бројот на индекс. Покрај моите укажувања постојано има студенти кои го пишуваат само бројот на индексот или прават други видови на грешки.
  • На крај кога ќе го завршите испитот задолжително треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: програмот не го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Десетина секунди пред да го затворам тестот, ќе ви најавам.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
  • Не треба да сте регистрирани на платформата Квалтрикс за да го полагате испитот. Неколку минути пред почетокот на испитот ќе добиете линк во четот на МТ, кој станува активен точно во закажаното време за испитот.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Friday, May 28, 2021

15 ЕКТС поени - 29.05.2021

Почитувани студенти,

Закажувам утре (сабота) состанок за одговарање за освојување 15 ЕКТС поени на 29.05.2021 на платформата Мајкрософт Тимс во мојот тим 15 ЕКТС поени со почеток во 10:00 часот. Кликнете на линкот за да побарате пристап во тимот. Почитувајте го овој термин затоа што можеби е последен за мај. Потоа не ми праќајте никави е-пошти со замолници за полагање во јуни. Следно завршување на обврски од овој тип ќе биде август за летната сесија. Имавте 4 вакви термини месецов, можевте и во април да ги завршите овие работи, но многумина од вас не знам што шравеле, бидејќи сега ми праќаат е-пошта со барање на материјали.

Предметен наставник

Tuesday, May 25, 2021

Преглед на освоени ЕКТС поени по предметот ХГ - 2021

Почитувани студенти од прва година,

Во прилог ви го доставувам списокот за освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика во летниот семестар во 2021 година. Списокот се наоѓа во Ексел табела. Заради пандемијата ќе добиете административни потписи од Деканатот и заради тоа на сите ви беа ставени подеднаков број на поени од предавања 7 и вежби по 8 поени. Свесен сум дека многу од вас студентите отсуствуваа од предавањата и вежбите, но ете заради пандемијата малку ви попуштам. Доколку по автоматизам некому сум ставил 15 поени, а тој/таа се вонредни студенти, укажувам дека тие мораат да освојат 15 поени од семинарска работа, интернет ресурси и обработка на труд. Доколку досега не земале активности, нема да имаат право да полагаат во јунската сесија. Доколку има редовни студенти кои предале семинарска работа, а не им е прегледана, нека ми пишат е-пошта и нека кажат во кој тим, или во кој фолдер ја ставиле.

Предметен наставник

15 ЕКТС поени - 26.05.2021

Почитувани студенти,

Закажувам состанок за одговарање за освојување 15 ЕКТС поени во среда на 26.05.2021 на платформата Мајкрософт Тимс во мојот тим 15 ЕКТС поени со почеток во 08:00 часот. Кликнете на линкот за да побарате пристап во тимот. Почитувајте ги овие термини затоа што најмногу може да има уште еден до крајот на мај. Да не остане некој без право да полага заради неажурност и неисполнителност.

Предметен наставник

Friday, May 21, 2021

Семинар по Хумана генетика - 25.05.2021

Почитувани студенти,

Сите вие што се пријавивте да ги презентирате семинарските теми по Хумана генетика ќе можете да го сторите тоа во вторник на 25 мај во 9:45 часот на веќе познатата платформа по вашиот предмет. Ве молам сите во рокот да ги предадете презентациите во Power Point. Максимално време за презентација е 10 минути. Семинарот е задолжителен да го слушаат сите студенти кои го имаат презапишано предметот ХГ во овој семестар.

Предметен наставник

Втори колоквиуми - 25 мај 2021

Почитувани студенти,

Вие што ги положивте првите колоквиуми, ве известувам дека вторите колоквиуми ќе се полагаат во вторник на 25 мај, по устен пат на платформата Мајкрософт Тимс. За таа пригода треба да имате исправни видео камера и микрофон.

Хумана генетика ќе се полага во 7:45 часот на следниот ЛИНК.

Медицински основи на инвалидноста ќе се полага во 8:45 часот на следниот ЛИНК.

Предметен наставник

Термини за полагање испити втор циклус студии - јунска сесија 2021

Почитувани постдипломци,
Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
11.06.2021 - Аутизам - 09:00 часот
11.06.2021 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 10:00 часот
11.06.2021 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 11:00 часот

Втора декада
22.06.2021 - Аутизам 09:00 часот
22.06.2021 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 10:00 часот
22.06.2021 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 11:00 часот

Испитите ќе се полагаат најверојатно усно преку платформата Мајкрософт Тимс. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Линкот до платформата ќе го добиете во јуни. Среќно подготвување на испитите!
Предметен наставник

Sunday, May 16, 2021

15 ЕКТС поени - 17.05.2021

Почитувани студенти,

Закажувам состанок за одговарање за освојување 15 ЕКТС поени во понеделник на 17.05.2021 на платформата Мајкрософт Тимс во мојот тим 15 ЕКТС поени со почеток во 13:30 часот. Кликнете на линкот за да побарате пристап во тимот. Почитувајте ги овие термини затоа што нема да ги има уште многу, а се ближи јунската сесија. Да не остане некој без право да полага заради неажурност и неисполнителност.

Предметен наставник

Saturday, May 8, 2021

15 ЕКТС поени - 10.05.2021

Почитувани студенти,

Сите вие што во изминатите денови ме прашувавте кога може да одговарате за 15 ЕКТС поени ве известувам дека тоа ќе се случи во понеделник на 10.05.2021 на платформата Мајкрософт Тимс во мојот тим 15 ЕКТС поени со почеток во 11:00 часот. Кликнете на линкот за да побарате пристап во тимот. Почитувајте ги овие термини затоа што нема да ги има многу во мај, а се ближи јунската сесија. Да не остане некој без право да полага заради неажурност и неисполнителност.

Предметен наставник