Saturday, June 17, 2023

Втора декада - јуни 2023

Почитувани студенти,

Во понеделник започнува втората декада од јунската сесија за 2023 година. Ова е потсетник на термините и на некои правила на игра.

Втора декада
19.06.2023 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

20.06.2023 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот

21.06.2023 ХГ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

21.06.2023 МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

  1. Никакво доцнење не е дозволено, на испит се доаѓа 15-тина минути пред закажаниот термин.
  2. Препипување, договарање и други недолични академски однесувања не се дозволени.
  3. Пријава се купува претходно, а не на самиот ден, бидејќи Студентски сервис на ФЗФ отвора во 8:00 кога веќе е почнат испитот. Не примам никого без пријава на испит.
  4. Пријавите се пополнуваат со читливо, кирилично писмо на македонски јазик.
  5. На испит се носи индекс или студентска легитимација.
  6. Во деновите кога имам испити, не примам консултации.
  7. Терминот за пишување оцени ќе биде дополнително соопштен.
  8. Без 15 ЕКТС поени не се оди на испит!
  9. На испит НЕ се доаѓа неподготвен!
  10. За испит НЕ се бркаат ургенции!
Среќно!

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment