Sunday, June 30, 2024

Термини за полагање испити прв циклус на студии - август-септември испитна сесија 2024

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги споделувам термините за полагање на моите испити (пред сите други) во сесијата август-септември 2024 година за студентите од прв циклус. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена. Во август ќе има анкета која задолжително ќе треба да ја пополните во насока на тоа која декада сакате да полагате. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и тестовите пишувајте ги со читлив и разбирлив македонски јазик. Ургенциите се тотално недозволени и ЗАБРАНЕТИ!

Прва декада
29.08.2024  ХГФ и ХГ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

30.08.2024  ФФА и МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

Втора декада
06.09.2024 ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

10.09.2024 ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Предметен наставник

Пишување оцени - 01.07.2024

Почитувани студенти,

Ве известувам дека утре 1 јули во периодот од 12:00 до 12:30 часот ќе пишувам оцени. Оцени се земаат со лично присуство. Овој термин е трет и последен за оваа сесија. Кој не доставил пријава, ако полагал со освојување поени во текот на годината и ако не земе оцена на 1 јули, понатаму нема да може да му биде впишана со датум во јунската сесија. Другите ќе можете да го оставите индексот кај координаторката на ИСЕР и да чекате да го завршам, некој убав ден до 18 јули.

Предметен наставник

Tuesday, June 25, 2024

Пишување оцени - 26.06.2024

Почитувани студенти,

Ве известувам дека утре 26 јуни во периодот од 13:30 до 14:00 часот ќе пишувам оцени. Оцени се земаат со лично присуство. Ваков термин последен за оваа сесија ќе има најверојатно и на 1 јули. Кој не доставил пријава, ако полагал со освојување поени во текот на годината и ако не земе оцена до 1 јули, понатаму нема да може да му биде впишана со датум во јунската сесија.

Предметен наставник

Резултати од испитот ФФА - 25.06.2024

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија. Честитки за положените студенти. Студентките што се пуштени условно да дојдат утре - 26 јуни во мојот кабинет во 12:00 часот да одговараат усно. Доколку не се појават, испитот ќе го полагаат писмено во наредната сесија. Резултатите се конечни и непроменливи.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

9456/16

51.5

7

2.       

11105/22

43

7

3.       

10945/21

40

7

4.       

11091/22

36

6

5.       

11392/23

33

условно

6.       

11136/22

33

условно

7.       

10935/21

33

условно

8.       

25803/22

28

5

9.       

25808/22

28

5

10.   

26128/23

24

5

11.   

11425/23

24

5

12.   

10504/19

23

5

13.   

11118/22

17

5

14.   

10058/17

17

5

15.   

10937/21

16.5

5

16.   

25633/21

16

5

17.   

10905/21

16

5

18.   

25836/22

15

5

19.   

24538/17

15

5

20.   

10121/18

14

5

21.   

11108/22

13.5

5

22.   

10907/21

13

5

23.   

10182/18

13

5

24.   

9519/16

13

5

25.   

7107/11

12

5

26.   

26115/23

11

5

27.   

11376/23

11

5

28.   

25055/19

11

5

29.   

26172/23

11

5

30.   

11106/22

10

5

31.   

11115/22

10

5

32.   

24644/18

9

5

33.   

24928/18

9

5

34.   

9506/16

8

5

35.   

10715/20

8

5

36.   

25841/22

8

5

37.   

26166/23

6

5

38.   

25343/20

5

5

39.   

10709/20

2

5

 Предметен наставник