Saturday, June 22, 2024

Втора декада на прв циклус - јуни 2024

Почитувани студенти, 

Задутре започнува втората декада по моите испити во јунската сесија 2024 година за студентите од прв циклус. Правила на нормално академско однесување:
  1. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена, индекс или студентска легитимација и најмалку две пенкала кои пишуваат. 
  2. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. 
  3. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани.
  4. Пријавите и тестовите пишувајте ги со читлив и разбирлив македонски јазик.
  5. Во правоаголниците за оценување НЕ смеете да пишувате!
  6. Ургенциите се тотално недозволени и ЗАБРАНЕТИ!
  7. Забрането сликање на тестови!
  8. Студентскиот сервис на ФЗФ започнува со работа во 8:00 часот.
  9. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. 
Втора декада
24.06.2024 ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
25.06.2024 ФФА и МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment