Драги мои,
Сакам да споделам некои размислувања во врска со Шангајската листа на рангирање на светски универзитети, од која некому му паѓа коса од глава или нозе му/и се тресат :) Овде ќе ги ставам позиците на првите три и уште на три од поранешна Југославија. Целосната листа може да ја погледнете овде.
1. Harvard University
2. Stanford University
3. University of California, Berkeley
301-400. University of Belgrade
401-500. University of Ljubljana
401-500. University of Zagreb
Другите универзитети од поранешна Југославија ги нема, што е најстрашно и нашите универзитети ги нема во првите 500. Е ги нема, ќе речете зашто. Еве зошто: па немаме голем број на истражувачи со голем број на цитати во списанија со импакт фактор. Нема професори кои објавуваат во списанија со силен импакт фактор. Немаме објавено трудови во релевантни научни бази на податоци, слабо учествуваме во проекти од FP7 програмата и други научни програми. Уште помалку имаме професори Нобеловци. Истражувањата се минимални. Но, затоа имаме студенти измамници кои сакаат да дојдат до диплома со неполагање на испити и имаме професори кои многу сакаат да одмораат и по два месеци на пример. Така не се влегува меѓу првите 500 на Шангајска листа. Па универзитетите во Белград, Загреб и Љубљана не се така далеку од нас, не се толку побогати, а сепак се наоѓаат во топ 500. Нели се запрашува некој од одговорните зошто е ова вака? Време е за промени, но со вистински вложувања во ресорот образование и наука. Време е државата повеќе да вложува во науката, но и професорите повеќе да вложуваат во неа, а помалку да одмораат и да гледаат други интереси. Кога е науката во прашање, не смее да има импровизации.
Професорот
No comments:
Post a Comment