Почитувани колешки и колеги,
Ја користам оваа прилика да ви споделам една интересна информација за доделување на едногодишна стидепендија во САД.
Андерсон Центарот за аутизам во САД (АЦА) има развиено своја програма за меѓународни стипендии. АЦА ги
поттикнува кандидатите со диплома / или степен магистер на науки во социјалните
дисциплини, односно оние што работат во социјалните сервиси за ментално здравје, во дисциплините: специјална едукација, психологија и сродни студии да се пријават. Оваа програма е наменета за квалификувани кандидати и е во траење од 12 месеци преку добивање на Ј-1 приправничка виза. АЦА ќе обезбеди соодветно сместување во објекти во САД за соработниците. Колегите и колешките ќе
имаат можност да учат и работат во програмата со
искусни Андерсон професионалци во полето на социјалните услуги. Соработници ќе работат со деца и возрасни кои имаат аутистичен спектар на нарушувања. АЦА
ќе додели месечна стипендија од 900 долари месечно за
соработници, кампус за сместување, здравствено осигурување и други
услуги за поддршка. Тоа е одлична можност за младите кандидати да живеат и работат во САД. Услов е секако добро познавање на англискиот јазик. Сите заинтересирани можат повеќе информации да најдат овде. Ги молам сите колешки и колеги што сакаат да одат на оваа специјалиација да ми се пријават по електронска пошта.
За некого празникот Илинден ќе биде многу среќен. Нека ни е честит Илинден.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment