Tuesday, February 24, 2015

Теми за подготвување прв колоквиум за преслушувачи ХГ - 2015

Почитувани студенти од трета година,
Вие кои го презапишавте предметот Хумана генетика ќе треба да ги подготвите следните теми за првиот колоквиум по Хумана генетика.


1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
2.ВОВЕД ВО ГЕНЕТИКАТА
3.КЛАСИЧНА ГЕНЕТИКА
4.СТРУКТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛЕТКАТА
5. ХРОМОЗОМИ
6. ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА
7. ГАМЕТОГЕНЕЗА
8. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО И  дел
9. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО ИИ  дел
10. НАСЛЕДУВАЊЕ
11. ГЕНЕТИКА НА ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОЛОТ
12. МУТАЦИИ И ДЕЛ
Со среќа нека е учењето!
Предметен наставник 

Второ предавање МОИ - 24.02.2015

Почитувани студенти,
Денес на 24.02.2015 за жал од веќе познатите Пленумски причини не се одржа второто предавање по Медицински основи на инвалидноста. Нема да коментирам повеќе од тоа што го кажав денес. Требаше да стане збор за етиологија на интелектуалната попреченост и во вториот дел за дијагноза на ИП. Но, тоа не значи дека ова предавање не ви останува како обврска за учење за колоквиум и испит. Во прилог неколку видео исечоци кои ќе го олеснат учењето. Нека ви е на здравје изгубената денешна настава!
Предметен наставник






Sunday, February 22, 2015

Поглавја за учење на првиот колоквиум МОИ

Почитувани студенти,
Семестарот си тече и вие треба на големо да сте седнати и да го подготвувате првиот колоквиум по МОИ ако сакате да имат значителен успех. Во продолжение ви ги давам темите кои треба да ги научите од мојот учебник Медицински основи на инвалидноста. Ви ги прикажувам онака како што се дадени во учебникот.
 

ДЕЛ I – МЕДИЦИНСКИ ОСНОВИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
2. ПОИМ ЗА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА
3. ЕПИДЕМИОЛОГИЈА НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
4. ЕТИОЛОГИЈА НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
7. ПРЕГЛЕД НА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНО ЛИЦЕ
8. ТРЕТМАН И ПРОГНОЗА НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
9. ПРЕВЕНЦИЈА НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА

ДЕЛ II – ПСИХИЈАТРИСКИ И НЕВРОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА ШТО ВОДАТ ДО ИНВАЛИДНОСТ
10. ШИЗОФРЕНИЈА ВО ДЕТСКАТА ВОЗРАСТ
11. АУТИЗАМ
12. RETTОВ СИНДРОМ
13. ХИПЕРКИНЕТСКИ СИНДРОМ (АДХД)
19. MYASTHENIA GRAVIS
20. MULTIPNA SKLEROZA
21. CEREBRALNA PARALIZA
22. РАЗВОЈНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ЦНС 

Предметен наставник

Tuesday, February 17, 2015

Прво предавање МОИ - 17.02.2015

Почитувани студенти,
Денес се одржа првото предавање по Медицински основи на инвалидноста на кое стана збор за дефиниција и класификација на интелектуална попреченост. Во вториот дел говорев за епидемиологија на интелектуалната попреченост. Да погледнете неколку видеа поврзани со темите. За тие што не дојдоа, ова ќе биде повеќе од добредојдено. Почнете за подготвување за колоквиумот.
Предметен наставник
















Monday, February 16, 2015

Категоризација на научните списанија во РМ

Почитувани колешки и колеги,
Со години зборувам дека е потребна категоризација на научните списанија кои се издаваат во Република Македонија. Но, мислам дека никој не ме слуша. Со категоризацијата би се вовел некаков ред во издаваштовото, државата би знаела како да ги распредели средствата ако воопшто мисли да распределува финансии за нашите списанија. Тоа би можело да послужи и како веродостоен податок за престиж меѓу списанијата. Земјите од регионот го имаат одамна тоа направено. Прво треба да се донесе Акт за уредување на научните списанија, а потоа да се направи и категоризација според квалитетот на списанијата, индексациите, цитираноста и слични библиометриски параметри. Не сум сигурен дека ова господата од МОН го знаат, дали планираат да даваат финансиски средства за зајакнување на домашните списанија за да можат нашите списанија да добијат импакт фактор. Еве ќе илустрирам само еден пример како тоа го регулира Министерството за просвета и наука на Република Србија. Не знам дали некој од дамите и господата од нашиот МОН ќе го прочита ова, но јас како човек што се бави со издаваштво 11 години должен сум да го предочам на македонската јавност овојн податок, да не биде потоа познатата синтагма: „Што не кажавте?".
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

Литература по предметот МОИ

Почитувани студенти од прва година,

За да не ме прашувате постојано решив да ви ја постирам потребната литература по предметот Медицински основи на инвалидноста. Во прилог е фотографијата од корицата на мојот учебник.

 Литература:
  1. Трајковски В. Медицински основи на инвалидноста. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2008.
  2. Трајковски В. Фонијатрија (скрипта за внатрешна употреба). Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2009.
  3. Lević Z. Osnovi savremene neurologije. Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 2000.
  4. Radulović R, Stanković P. Otorinolaringologija sa maksilofacijalnom hirurgijom. Medicinski fakultet, Beograd, 2004.
  5. Бредфорд СА. Основи на офталмологијата. Табернакул, Скопје, 2010.

Предметен наставник

Sunday, February 15, 2015

Термини за конултации - летен семестар 2015

Почитувани студенти, колешки и колеги,
Сакам да ве известам дека термини за консултација со мене во семестарот што почнува од утре се следните:
Понеделник од 10:00 до 12:00 часот
Четврток од 10:00 до 12:00 часот
Ве молам да ги почитувате истите.
Предметен наставник

Saturday, February 14, 2015

Видео: Рет синдром во ВАШ ДОКТОР на ТВ Сонце

Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе знаете јас ги објавувам моите настапи од ТВ и од конгреси. Така и овој пат. Вчера вечер го добив видеото од новинараката госпоѓа Виолета Петровска. Тие што не сте го гледале во живо или репризно, еве ќе имате прилика овде да го погледнете. Тема на разговор беше Рет синдромот.
Гостинот во емисијата


Thursday, February 12, 2015

Силабус по предметот МОИ

Драги студентки и студенти,
Како што веќе занете идната седмица започнува вториот семестар по екстремно долгиот зимски распуст, да не речам зимски сон. :) Мораме да почнеме сериозно да работиме и ве очекувам на првото предавање по предметот Медицински основи на инвалидноста. Предавањата ќе се одвиваат на старо добро познато место секој вторник со почеток во 08:15 часот, а од 11 часот ќе бидат вежбите за почеток сите во една група. Од вас се очекува редовно присуство на предавањата и вежбите и секако активност на вежбите. Ви го проследувам и силабусот така што ќе можете да видите се` што ќе ви биде предавано.
Предметен наставник

Tuesday, February 10, 2015

Утре гостин во Ваш доктор на ТВ Сонце

Почитувани пријателки и пријатели,
Утре на 11 февруари со почеток во 17 часот ќе бидам гостин во емисијата „Ваш доктор" на „ТВ Сонце" со новинарката госпоѓа Виолета Петровска. Тема за разговор ќе биде Рет синдромот, состојба за која многу малку јавно се говори и се работи за прилично ретко генетско нарушување. До колку не се криете од бомбите, доколку не следите некој директен прес на нет, а ракомет сигурно нема, тогаш потрошете половина час на стручни теми.
Гостинот



Sunday, February 8, 2015

„Шест часа до небото"

Драги пријателки и пријатели,
„Шест часа до небото" е насловот на најновиот документарен филм на AlJazeera Balkans посветен на големиот Тоше Проески. Режијата е на Елеонора Венинова и филмот трае околу 26 минути. Нема што многу да го кометирам, останува да го погледнете.
Нека му е вечна слава на великанот на македонската и балканската поп музика!


Friday, February 6, 2015

Специфичности во секојдневното функционирање на децата со Down синдром

Почитувани колешки и колеги,
Денес го добив апстрактот неодамна објавен во зборникот на апстракти од семинарот „Денови на дефектолозите во Србија„ одржан во Крагуевац од 14 до 17 јануари 2015 година. Апстрактот ви го проследувам интегрално на српски јазик како што е печатен во зборникот.


Како да се цитира апстрактот?
Степаноска А, Трајковски В. Специфилности у свакодневном функционисању деце са Down синдромом. Zbornik rezimea radova-Dani defektologa Srbije. Крагујевац, 14-17 Januar, 2015; 113.

СПЕЦИФИЧНОСТИ У СВАКОДНЕВНОМ ФУНКЦИОНИСАЊУ ДЕЦЕ СА DOWN СИНДРОМОМ
Ангелина Степаноска*, Владимир Трајковски
Универзитет Св. Кирил и Методиј - Филозофски факултет, Институт за дефектологију, Скопје
 

Увод: Свако дете у себи носи потенцијал и тaj потенцијал доприноси тoмe дa постaje јединствена личност. Oвај потенцијал није условљен само генетиком, генетичким факторимa, већ и различитим културним и срединским утицајима. Због генетичког поремећаја, сa чиме се деца са Daun синдромом суочавају, који се манифестују низом потешкоћа у свакодневном функционисању, њима је неопходна помоћ како би се њихов потенцијал подигао до максималног нивоа.
Методологија: Узорак чине 120 испитаника. У току истраживања коришћенa су два анкетна листа, oд којих je први био намењен родитељима деце са Даун синдромом и родитељима деце из неуротипичне популације, дoк je други анкетни лист био намењен дефектолозима и наставницима деце са Даун синдромом. Истраживање је спроведено у Заводу за ментално здравље и у специјалној основној школи Др Златан Сремац, Иднина, ДСШ Наум Охридски у Скопљу, кao и у основној и средњој школи Фаик Коница и СТЦ Милески Мирко у Кичеву. Истраживање је почело 05.01.2014, а завршило се 25.05.2014. Структура је представљена десктриптивном статистиком, док je компарација између групе испитаника анализирана са χ2 тестом и Фишеровим егзакт тестом. Као значајне узете су разлике на нивоу значајности од p<0.05.
Резултати: На основу резултата из компаративне анализе утврђено је да деца са Down синдромом у односу на неуротипичну децу показују статистички значајну разлику за следеће варијабле: зависност у обављању свакодневне активности (
p<0,001), у социјалним контактима (p<0,001), предиспозиције ка здравственим поремећајима (p<0,001) и квалитет живота (χ2 =73, df = 2, p = 0.000).
Закључак: Према резултатима можемо закључити да постоји широки спектар ставова о квалитету живота деце са Down синдромом. Неки родитељи и наставници још увек не разумеју стање свог детета и не знају како да се носе са тим. Али постоји велики број испитаника који преносе своје позитивне ставове и искуства сa којима би се могло побољшати стање, а такође и квалитет живота код деце са Daun синдромом.
Кључнe речи: Daun синдром, свакодневно функционисање, специфичности

Wednesday, February 4, 2015

Музичко Мементо: Dorian Gray - Ти си тука

Драги пријателки и пријатели,
Редно е малку музика на мојот блог на крајот на сесијата. Се навраќам 30 години наназад во 1985 година кога ме пленеа Dorian Gray од Загреб. Можеби не беа толку популарни како Бјело Дугме, Рибља чорба, Парни ваљак, Прљаво казалиште и некои други, но имаа некој посебен шмек. Особено тој шмек доаѓаше од фронтменот на рупата, Масимо Савиќ кој со својот специфичен вокал ги освојуваше не само женските срца, туку и вистинските музички фанови од машкиот пол. Групата постоеше 2-3 години и потоа заради голем долг кон шведска музичка издавачка куќа се распаѓаат. Остануваат незаборавни нивните нумери: „Сјај во темнината„, „Само за твоите очи„, „Ти си тука„. За денес се одлучив да ви ја споделам последната нумера која има посебно интересна хармонска линија која страшно ми мириса на тоа младешко време. Спотот едноставен, без многу помпа, одраз на тоа време. Уживајте посебно вие во средните години :)
DJ Vac


Пишување оценки трет пат - 06.02.2015

Почитувани студенти,
Ве поканувам по трет пат и завршен пат за оваа сесија на 06.02.2015 година во периодот од 09:00 до 12:00 часот во мојот кабинет да земете оценки. Оние студенти кои нема да земат оценка во петок најверојатно дека ќе можат да ја земат дури во јуни, бидејќи админситративните работи со предавање на пријавите во службата за „Студентски прашања„ треба да се завршуваат. Затоа, ве молам да се придржувате на термините и да најдете време и можности да дојдете.
Второ, би сакал да им се извинам на сите оние кои денес дојдоа во мојот кабинет во периодот од 13:35 до 14:30, а мене ме немаше. Со голем број на студенти завршивме работа, но сигурен сум дека останаа уште некои. Заради болест на ќерката морав порано да си отидам дома. Искрено се надевам на разбирање од ваша страна.
Предметен наставник

Tuesday, February 3, 2015

Пишување оценки - 04.02.2015

Почитувани студенти,
Сите вие кои ги положивте испитите во втората декада и сите останати кои не сте земале оценки досега, ве поканувам утре 04.02.2015 година во периодот од 12.30 до 14.30 часот да земете оценка. Ве молам да дојдете во договореното време и да не одложувате бидејќи пријавите морам во скоро време да ги предадам во службата за „Студентски прашања„. Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Резултати од испитот ХГ - втора декада 03.02.2015

Почитувани студенти,
Во прилог ви се резултатите од утринскиот испит Хумана генетика. Шест студенти го положија испитот, четири се пуштени условно што значи дека треба во овие два дена убаво да го повторат материјалот. Условното положување не значи по автоматизам шестка. Условно положените треба да се јават на устен испит на 05.02.2015 во 9 часот. Останатите студенти за жал не го положија испитот и ќе им треба уште многу учење.
Предметен наставник



Реден број
Број на индекс
Бодови
Оценка
1.       
23271/14
46
7
2.       
22805/12
43
7
3.       
23293/14
38
6
4.       
22796/12
37.5
6
5.       
8539/14
36
6
6.       
7873/12
36
6
7.       
22798/12
34
Условно
8.       
23280/14
33.5
Условно
9.       
22827/12
33
Условно
10.   
22144/10
33
Условно
11.   
23145/13
25
5
12.   
7130/11
25
5
13.   
23532/14
24.5
5
14.   
8512/14
24.5
5
15.   
7105/11
23.5
5
16.   
8597/14
23
5
17.   
23299/14
23
5
18.   
7896/12
23
5
19.   
8522/14
20.5
5
20.   
23257/14
20.5
5
21.   
7012/10
19
5
22.   
8566/14
18.5
5
23.   
23577/14
18
5
24.   
8585/14
17.5
5
25.   
7088/11
17
5
26.   
23121/13
12.5
5
27.   
22803/12
11
5
28.   
22188/11
10.5
5
29.   
8524/14
10
5
30.   
7888/12
9.5
5
31.   
22816/12
9
5
32.   
7121/11
8.5
5
33.   
23336/14
8
5
34.   
8185/12
8
5
35.   
22108/10
7
5
36.   
7869/12
6
5