Со години зборувам дека е потребна категоризација на научните списанија кои се издаваат во Република Македонија. Но, мислам дека никој не ме слуша. Со категоризацијата би се вовел некаков ред во издаваштовото, државата би знаела како да ги распредели средствата ако воопшто мисли да распределува финансии за нашите списанија. Тоа би можело да послужи и како веродостоен податок за престиж меѓу списанијата. Земјите од регионот го имаат одамна тоа направено. Прво треба да се донесе Акт за уредување на научните списанија, а потоа да се направи и категоризација според квалитетот на списанијата, индексациите, цитираноста и слични библиометриски параметри. Не сум сигурен дека ова господата од МОН го знаат, дали планираат да даваат финансиски средства за зајакнување на домашните списанија за да можат нашите списанија да добијат импакт фактор. Еве ќе илустрирам само еден пример како тоа го регулира Министерството за просвета и наука на Република Србија. Не знам дали некој од дамите и господата од нашиот МОН ќе го прочита ова, но јас како човек што се бави со издаваштво 11 години должен сум да го предочам на македонската јавност овојн податок, да не биде потоа познатата синтагма: „Што не кажавте?".
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment