Ве поканувам по трет пат и завршен пат за оваа сесија на 06.02.2015 година во периодот од 09:00 до 12:00 часот во мојот кабинет да земете оценки. Оние студенти кои нема да земат оценка во петок најверојатно дека ќе можат да ја земат дури во јуни, бидејќи админситративните работи со предавање на пријавите во службата за „Студентски прашања„ треба да се завршуваат. Затоа, ве молам да се придржувате на термините и да најдете време и можности да дојдете.
Второ, би сакал да им се извинам на сите оние кои денес дојдоа во мојот кабинет во периодот од 13:35 до 14:30, а мене ме немаше. Со голем број на студенти завршивме работа, но сигурен сум дека останаа уште некои. Заради болест на ќерката морав порано да си отидам дома. Искрено се надевам на разбирање од ваша страна.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment