Редно е малку музика на мојот блог на крајот на сесијата. Се навраќам 30 години наназад во 1985 година кога ме пленеа Dorian Gray од Загреб. Можеби не беа толку популарни како Бјело Дугме, Рибља чорба, Парни ваљак, Прљаво казалиште и некои други, но имаа некој посебен шмек. Особено тој шмек доаѓаше од фронтменот на рупата, Масимо Савиќ кој со својот специфичен вокал ги освојуваше не само женските срца, туку и вистинските музички фанови од машкиот пол. Групата постоеше 2-3 години и потоа заради голем долг кон шведска музичка издавачка куќа се распаѓаат. Остануваат незаборавни нивните нумери: „Сјај во темнината„, „Само за твоите очи„, „Ти си тука„. За денес се одлучив да ви ја споделам последната нумера која има посебно интересна хармонска линија која страшно ми мириса на тоа младешко време. Спотот едноставен, без многу помпа, одраз на тоа време. Уживајте посебно вие во средните години :)
DJ Vac
No comments:
Post a Comment