Како што најавив на своите социјални медиуми, вчера на 25.03.2015 година бев гостин во емисијата „Чувари на здравјето" во македонското радио-радио Скопје. Тема на емисијата беше веќе одржаниот настан меѓународен ден за лицата со Даун синдром, престојниот меѓународен ден за лицата со аутизам што ќе се одржи на 2 април и најмногу се осврнавме на аутизмот како состојба. Водител на емисијата е д-р Викторија Бјекиќ на која и благодарам за поканата и за можноста да го афирмирам проблемот на лицата со аутизам, а се` со една цел подобар квалитет на живот на лицата со аутизам, бидејќи тоа го заслужуваат тие. Доколку не сте ја слушнале во живо емисијата, ви нудам можност тоа да го сторите на следниот линк. Емисијата трае околу 50-тина минути и проследена е со одличен избор на македонска популарна музика.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment