Сакам со вас да го споделам распоредот за одржување на студентските семинари по моите предмети.
Семинарите по Генетика и Физиологија за студентите од Институтот за психологија и Институтот за семејни студии би требало да се одржи во среда на 28.12.2016 година во лабораторијата за Генетика и Физиологија на Педадгошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Сите студенти се должни да направат презентација во програмот Power Point во времетрање од 10 минути. На мојот блог ако се навратите назад имате инструкции како се прави добра презентација. Другите две задачи интернет ресурси и обработка на труд ги одговарате устно. Тие што нема да дојдат и да освојат 15 ЕКТС поени нема ниту да имаат право да полагаат испит во престојната јануарска сесија. Правото за полагање на испит се стекнува само со освоени 15 ЕКТС поени.
Семинарите по Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија за студентите од Институт за дефектологија ќе се одржат најверојатно во петок на 30.12.2016 година во лабораторијата за Генетика и Физиологија на Педадгошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Од вашата колешка која беше задолжена да направи список добив минимален број на студенти што е факт за секоја критика. Со тоа покажувате тотална незаинтересираност кон моите предмети и немање желба за напредок во науката. Нека ви служи на чест и на совест.
Поради постоење на виша сила го задржувам правото на промена на овие термини. Вие сте должни редовно да го следите овој блог.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment