Се ближи јунската сесија, потребно е да се прави распоред на простории во кои за 5-6 пати ќе биде редуциран бројот на студенти што може да полагаат. Сесијата ќе започне на 15 јуни, а ќе трае максимум до 15 јули. По моите предмети првата декада ќе биде најверојатно на 15 и 16 јуни, а втората декада на 30 јуни и 1 јули. За да се направи добар распоред во групи потребно е уште од сега да се организираме и да ми дадете точни списоци кој студент во која декада ќе полага и кој предмет ќе го полага. За таа цел ги задолжувам следните студенти да си ги консултираат своите колеги и колешки и најдоцна до понеделник 1 јуни да ми достават список во Ворд фајл, во посебни табели секој предмет и посебно по декади. Во списокот задолжително да има име, презиме и број на индекс.
- За актуелната прва година на ИСЕР се задолжува студентката 24974/19
- За втора година на ИСЕР се задолжува студентката 10121/18
- За трета година на ИСЕР се задолжува студентката 10074/17
- За четврта година на ИСЕР се задолжува студентката 9466/16
- За генерација запишани 2015 година се задолжува студентката 9142/15
- За генерација запишани 2014 година се задолжува студентката 23315/14
- За повозрасни генерации на ИСЕР се задолжува студентката 7896/12
За студентите од Институтот за психологија по предметот ХГФ
- За актуелната прва година се задолжува студентката 10251/19
- За актуелната втора година се задолжува студентката 10160/18
Студентите кои нема да бидат навремено пријавени, нема да може да им се обезбеди простор во редовната сесија и ризикуваат да не можат да полагаат. Исто така сите кои не доставија задачи за 15 ЕКТС поени до 25 мај нема да можат да полагаат во престојната сесија.
Во очекување на вашите списоци, примете колегијални поздрави.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment