Wednesday, May 6, 2020

Прв вебинар МНЗА: Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар

Почитувани колешки и колеги,

Имам особено задоволство да ве поканам на првиот вебинар на МНЗА што ќе се одржи утре четврток на 7 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата 9 вебинари што ќе ги одржат членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на проектот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Првиот вебинар инаку мој шести по ред во период од 1,5 месец е со наслов: „Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар на нарушувања“, а ќе го модерира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА.
Вебинарот ќе се реализира преку професионалната верзија на платформата Zoom и бројот на сите предвидени учесници се потполни за неполни 48 часа, но затоа имаме и алтернативни решенија, а тоа е прикажување во живо преку Фејсбук страницата на МНЗА и официјалниот Јутјуб канал на МНЗА.
Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите други лица кои се заинтересирани за оваа област.
Искрено се надеваме дека ќе најдете 1,5-2 часа време да не` следите и дека тоа време нема да ви биде залудно потрошено. Во текот на вебинарот ќе можете да поставувате прашања на ѕидот на платформите кои се гореспоменати.

Претседател на МНЗА


No comments:

Post a Comment