Thursday, August 31, 2023

Резултати од испитот ФФА - 31.08.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

25796/22

41

7

2.       

10905/21

29

5

3.       

10935/21

28

5

4.       

25834/22

25

5

5.       

11108/22

24

5

6.       

11098/22

24

5

7.       

24928/18

19

5

8.       

11145/22

19

5

9.       

11106/22

14

5

10.   

10158/18

14

5

11.   

11097/22

13

5

12.   

10121/18

7

5


Предметен наставник

Wednesday, August 30, 2023

Резултати од испитот ХГФ - 30.08.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика и физиологија.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

25041/19

42

7

2.       

10847/21

36

6

3.       

25578/21

29

5

4.       

10861/21

22

5

5.       

25546/21

22

5

6.       

10845/21

14

5

7.       

25317/20

12

5

Предметен наставник

Резултати од испитот по ХГ - 30.08.2023

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

11091/22

13

5

2.       

24650/18

11

5

3.       

25359/20

9

5

4.       

11115/22

8

5

Предметен наставник

Wednesday, August 23, 2023

Термини за полагање испити втор циклус на студии - септември 2023

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за есенската сесија:

Прва декада
04.09.2023 - АСН - 09:00 часот
04.09.2023 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања  - 11:00 часот
04.09.2023 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот

Втора декада
14.09.2023 - АСН 09:00 часот
14.09.2023 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот
14.09.2023 -  Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат усно во мојот кабинет. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности или дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Ве молам на е-пошта да ми јавите во која декада ќе полагате за да си го организирам времето. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Friday, August 4, 2023

15 ЕКТС поени - 29.08.2023

Почитувани студенти,

Ве поканувам сите кои треба да одговарате за поени, тоа да го сторите на 29 август од 10:00 до 11:30 часот. Ова е единствен рок пред августовската сесија. Тоа значи дека сите што сакаат да полагаат во прва декада, ќе мораат да дојдат во овој термин. Ако не го искористите слободно дојдете во септемвриската сесија, кога ќе има само уште еден рок за оваа намена пред втората декада. Бидејќи сме во средина на летен одмор, за секој случај при крајот на месецот, проверете го овој блог да не има измени. Сепак е непредвидливо 25 дена однапред да се прави агенда за вакви работи.
Предметен наставник 

Анкета за полагање испити во есенската сесија - 2023

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во есенската сесија која треба да ја пополните сите. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во крајот на август и почетокот на септември заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник

Tuesday, August 1, 2023

Прв роденден на списанието ЈХРС

Почитувани читатели, драги автори и рецензенти,

Денес, 1 август 2023 година се навршува точно една година од како бев назначен за глаевн и одговорен уредник на списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences. Издавач на списанието е Alma Mater Europaea - ECM од Марибор, Словенија, а веднаш по формирањето се вклучи и Македонското начно здружение за аутизам. Морам да признаам дека ова беше одлична валидација на моите претходни повеќе од 20 годишни напори како главен и одговорен уредник на списанијата Дефектолошка теорија и практика и Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities во кои несебично го вложував својот труд и знаење во академското објавување. За овој прв роденден подготвивме памфлет за што и благодарам на асистентот на уредникот Андреа Ивановска за техничката подготовка на истиот. Благодарност секако заслужува и веб администраторот Благоја Јаневски со кого деноноќно работиме на подобрување на функционалноста на веб страницата, ажурирање на нови информации, итн. На крај бескрајна благодарност заслужуваат издвачите проф. д-р Лудвик Топлак и вонр. проф. Себастјан Кристович кои веднаш ја прифатија мојата идеја за ова ново списание и несебично вложуваат финансиски средства од АМЕУ во развој на ова ново електронско списание. Од другиот технички и административен персонал на AMEU им благодарам на Томаж Клојчник, Урош Кугл и Шпела Покержник.
Списанието низ бројки за една година:
  • 15 трудови,
  • 25300 посети на веб страницата,
  • 24 автори,
  • 40 рецензенти,
  • 32 членови на редакциски одбор од 21 држава,
  • Трудови од САД, Австралија, Ирска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Ние продолжуваме натаму со многу жар, љубов и посветеност да го градиме ова интернационално списание. Идејата е да биде што повеќе читано, цитирано и да привлечеме атрактивни автори од целиот свет. Доколку сте заинтересирани да го видите нашиот едногодишен растеж, ве молам посетете ја веб страницата на погорниот линк и блогот на списанието. Ве покануваме да го поднесете вашиот труд ОВДЕ.
Нека ни е честит првиот роденден во пресрет на големиот македонски национален празник ИЛИНДЕН!

Главен и одговорен уредник на ЈХРС