Tuesday, February 27, 2024

Обврски на вонредните студенти и другите без 15 ЕКТС поени

Почитувани вонредни студенти и другите без 15 ЕКТС поени,

Сите вие кои не доаѓате на настава бидејќи сте вонредни студенти ќе треба да освоите минимум 15 ЕКТС поени. За таа намена треба да добиете три задачи: семинарски труд, интернет ресурси и обработка на труд од списание. Побарајте ги веднаш преку мојата е-пошта. Сакам да ви укажам дека 30 април е последниот рок за предавање на задачите, а 25 мај за одбрана на задачиите што ќе ги добиете. Доколку сте вонредни студенти, а сепак имате време и сакате да ги следите сите предавања и вежби, тогаш нема потреба од овие три задачи. Но, во тој случај треба апсолутно редовно да ги посетувате предавањата и вежбите. 
Сите студенти од минатите генерации што не освоиле 15 ЕКТС поени, задачите ќе треба да ги одбранат најдоцна до 30 април, доколку сакаат да полагаат во јунската сесија.

Предметен наставник

Friday, February 16, 2024

Хумана генетика на Мајкрософт Тимс - 2024

Почитувани студенти од ИСЕР,

Во случај некогаш да имам потреба можам да ви закажам онлајн предавања и вежби. Повелете ЛИНК до предметот на Мајкрософт Тимс. Мора да побарате прием. Таму ќе можете да ги најдете сите потребни работи за студирање на предметот. Почнете веднаш со барање на прием.

Предметен наставник

СИЛАБУС по предметот ХГ - 2024

Почитувани студенти од ИСЕР,

Еве го силабусот по предметот Хумана генетика. Ви посакувам успех во студирањето во вториот семестар. Потребно е доста учење и залагање за да се остварат вишите цели. Првата седмица нема да има вежби. Го задржувам правото за промена на редоследот заради болест или службено отсуство. Повторувам: предавањата и вежбите се задолжителни за студентите кои не положиле комисиски испит ХГ.


СИЛАБУС ЗА ПРЕДАВАЊА ПО ХУМАНА ГЕНЕТИКА


I. Недела 20.02.2024
1.ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
2.ВОВЕД ВО ГЕНЕТИКАТА
3.КЛАСИЧНА ГЕНЕТИКА

II. Недела 27.02.2024
4.СТРУКТУРНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КЛЕТКАТА
5. ХРОМОЗОМИ

III. Недела 05.03.2024
6. ДЕЛБА НА КЛЕТКАТА
7. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО I дел

IV. Недела 12.03.2024
8. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО II дел

V. Недела 19.03.2024
9. СИНТЕЗА НА ПРОТЕИНИ
10. НАСЛЕДУВАЊЕ

VI. Недела 26.03.2024
11. ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

VII. Недела 02.04.2024
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 09.04.2024
12. ГЕНСКИ МУТАЦИИ
13. МОНОГЕНСКИ БОЛЕСТИ

IX. Недела 16.04.2024
14.ПРЕНАТАЛНА ДИЈАГНОЗА
15. КОНГЕНИТАЛНИ МАЛФОРМАЦИИ


X. Недела 23.04.2024
17.ХРОМОЗОМСКИ ЗАБОЛУВАЊА

XI. Недела 30.04.2024
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА
19. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД

XII. Недела 07.05.2024
22. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА
23. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ

XIII. Недела 14.05.2024
25. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ
26. ГЕНЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ

XIV. Недела 21.05.2024
ВТОР КОЛОКВИУМ
СЕМИНАР И ПОТПИСИ

XV. Недела 28.05.2024
Дополнителни активности по потреба



СИЛАБУС ЗА ВЕЖБИ ПО ХУМАНА ГЕНЕТИКА
I. Недела
1. МИКРОСКОП ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ВИДОВИ МИКРОСКОПИ

II. Недела
2. МИКРОСКОПИРАЊЕ ХРОМОЗОМИ
3. КЛАСИФИКАЦИЈА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРОМОЗОМИ

III. Недела
4. МИКРОСКОПИРАЊЕ ПОЛОВ ХРОМАТИН

IV. Недела
5. ХИСТОЛОШКА ГРАДБА НА ТЕСТИС (микроскопирање, презентација на фотографии)

V. Недела
6. ХИСТОЛОШКА ГРАДБА НА ОВАРИУМ (микроскопирање, презентација на фотографии)

VI. Недела
7. ДНК: Генетски материјал, Репликација на ДНК, Генска контрола на протеини, Генско прикажување - транскрипција

VII. Недела
8. УПОТРЕБА НА ХЕРЕДОГРАМ ВО ХУМАНАТА ГЕНЕТИКА
9. ВИДОВИ НАСЛЕДУВАЊА ВО ГЕНЕТИКАТА

VIII. Недела
10. МУЛТИПНИ АЛЕЛИ
11. ДЕРМАТОГЛИФИ ВО ГЕНЕТИКАТА

IX. Недела
12. ГЕНСКИ МАПИ

X. Недела
13. СТРУКТУРНИ ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ (микроскопирање, презентација на фотографии)
14. НУМЕРИЧКИ ХРОМОЗОМСКИ АБЕРАЦИИ

XI. Недела
15. МЕТАБОЛИЧКИ ГЕНОПАТИИ (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)
16. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ГЛУВОСТА (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XII. Недела
17. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ОШТЕТЕНИОТ ВИД (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)
18. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XIII. Недела
19. ГЕНЕТСКИ УСЛОВЕНИ МИОПАТИИ (разработка на вежбата, презентација на фотографии на синдроми и болести)

XIV. Недела
20. ПОТПИСИ

Предметен наставник

Прво предавање ХГ - 20.02.2024

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ве известувам дека во вторник (20.02.2024) година со почеток во 8:00 часот во лабораторијата на Педагошкиот факултет ќе го одржам првото предавање по Хумана генетика. Имено, започнува вториот семестар. На предавањата и вежбите должни се плус да присуствуваат сите преслушувачи од повозрасните генерации кои не положиле комисиски испит. Во вторник ќе се одржат само предавања, а вежбите ќе започнат наредната седмица потоа. Вие сте должни да бидете таму околу 15 минути пред почетокот на предавањето (веќе си знаете). Во случај на непредвидени околности (болест и слично) би ве известил најдоцна утрото во вторник. Се гледаме на старото место. Набавете си литература на време, а тоа се учебник и практикум кои беа споделени на овој блог пред десетина дена.

Со почит,

Предметен наставник

Thursday, February 8, 2024

Литература по предметот Академско пишување и објавување

Почитувани постдипломци,

Сите вие што ќе го изберете предметот Академско пишување и објавување должни сте да ја знаете литературата по предметот и затоа ви ја споделувам.

Задолжителна литература
  1. Трајковски В, Ангелоска Галевска Н. Академско пишување и објавување. Филозофски факултет, 2022.
  2. Hartley J. Academic Writing and Publishing. Routledge, 2008.
  3. Kundačina M, Banđur V. Akademsko pisanje. Učiteljski fakultet, Užice, 2007.
Дополнителна литература
  1. Спироски МЖ. Научниот труд - да се напише и да се објави. Институт за имунобиологија и хумана генетика, 2002.
  2. Bailey S. Academic Writing A Handbook for International Students. Routledge, 2014.
  3. Englander К. Writing and Publishing Science Research Papers in English. Springer, 2014.

Искрено се надевам дека ќе ја препознаете значајноста на предметот. Во прилог е корицата на задолжителниот учебник кој го објавивме со колешката кон крајот на 2022 година.
Предметен наставник






Tuesday, February 6, 2024

Литература по предметот Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година на ИСЕР,

Иако ќе ја наведам оваа литература на првото предавање во вторник на 20.02.2024 година, сепак одлучив да ја имате и малку пред време бидејќи веднаш започнуваме со предавања и вежби. Вака ќе ја имате пред вас. Учебникот и Практикумот по ХГ ќе може да го набавите во „Студентскиот сервис на ФЗФ“. Можете да ги набавите веднаш. Предавањата и вежбите се задолжителни и за преслушувачите кои не положиле комисиски испит. Тие студенти се должни веднаш да ми пишат е-пошта за да ги ставам во група.
  1. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005. 
  2. Трајковски В. Практкум по хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003. 
  3. Mihajlović Lj, Mihajlović N. Humana genetika. Visoka medicinska škola strukovih studija, Ćuprija, 2009. 
  4. Ninković D. Medicinska genetika. FASPER, Beograd, 2007. 
  5. Jorde LB, Carey JC, Bamshad MJ, White RL. Medical Genetics. 2nd edition, Mosby Inc., St Louis, 2000. 
  6. Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001. 
  7. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol I, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
  8. Rimoin DL, Connor JM, Pyeritz RE. Emery and Rimoin’s principles and practice of Medical Genetics. Vol II, Third edition, Churchill Livingstone, New York, 1997. 
 


Предметен наставник