Wednesday, August 21, 2024

Потсетник: прва декада испити за прв циклус студии - август 2024

Почитувани студенти, 

Се ближи првата декада, па решив да ве потсетам на термините за полагање испит за прв циклус на студии. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена. Задолжително пополнете ја анкетата која денес ја објавив во насока на тоа која декада сакате да полагате. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и тестовите пишувајте ги со читлив и разбирлив македонски јазик. Ургенциите се тотално недозволени и ЗАБРАНЕТИ!

Прва декада
29.08.2024  ХГФ и ХГ во амфитеатар 4 во 08:00 часот
30.08.2024  ФФА и МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment