Wednesday, October 23, 2013

Теми за подготовка за првиот колоквиум Физиологија

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог ви ги доставѕвам темите кои се потребни за подготовка на првиот колоквиум.
Поим и дефиниција на физиологијата. 
Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза; 
Физиологијата на клетката; 
Физиологија на мускулниот систем;
Физиологијата на нервниот систем. 
Комуникација во невронот; 
Централен нервен систем;
Периферен нервен систем; 
Голем мозок; 
Рецептори;
'Рбетен мозок; 
Моторен систем;
Продолжен мозок; 
Среден мозок;
Мал мозок;
Меѓумозок;
Болка;
Перцепција на температура.

Првиот колоквиум се полага во среда на 30.10.2013 година во библиотека на Институтот за дефектологија во 08:15 часот.
Предметен наставник

Sunday, October 20, 2013

Коморбидни медицински состојби кај аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани колешки и колеги,
Сакам со вас да го споделам моето најново конференциско предавање под наслов „Коморбидни медицински состојби кај аутистичен спектар на нарушувања„ одржано на 18 октомври 2013 година во салата Канео на хотел Метропол во рамките на 4-тата меѓународна конференција „Модерни аспекти на специјална едукација и рехабилитација на лицата со инвалидност„, а по повод 20 годишнината од постоењето на Институтот за дефектологија. Во сесијата А2 присуствуваа 50-тина учесници кои со плодна дискусија оставија силен печат на самата конференција. На следниот линк ќе можете да ја видите презентацијата во Slideshare.
Од предавањето ќе можете да ја видите и видео презентацијата на темата на популарниот youtube и сето тоа бесплатно. Фотогалеријата од конференцијата можете да ја погледнете овде.
Претседател на МНЗА



Променети термини за полагање Кинезитерапија и Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања

Почитувани постдипломци,
На молба на проф. д-р Ериета Димитрова Николиќ сменети се термините за полагање Кинезитерапија и Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања и тоа за вторник 22.10.2013 во 10:00 часот. Ги молам сите студенти што се заинтересирани за полагање на овие испити да ми испратат електронска пошта веднаш.
Предметен наставник

Владо Јаневски - Ти немаш право


Драги мои,
Овој неделен, есенски, 20 октомвриски ден ќе го започнам со музика, по сите турбуленции, ангажмани, стресни ситуации во последните денови, во последните недели. Предлагам да го преслушате уште еднаш еден од најголемите машки вокали на овие простори Владо Јаневски со нумерата „Ти немаш право„. Потоа во зависност од моето слободно време ќе следуваат по професионални постови.
DJ Vac



Monday, October 14, 2013

Одбрана библиографија од зборникот на резимеа од четвртата меѓународна конференција

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ги споделам со вас моите најнови апстракти од зборникот на резимеа од четвртата меѓународна конференција што ќе се одржи неделава во Охрид. Зборникот излезе од печат денес и пошироката стручна јавност веќе во четврток во хотел Метропол ќе го има во своите раце.



  1. Трајковски В. Коморбидни медицински состојби кај аутистичен спектар на нарушувања. Зборник на резимеаЧетврта меѓународна конференција: Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност∏. Охрид 17-19 октомври, 2013; 44-45.
  2. Трошанаска Ј, Трајковски В. Стадиуми на комуникација кај деца со аутизам. Зборник на резимеаЧетврта меѓународна конференција: Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност∏. Охрид 17-19 октомври, 2013; 48-49.
  3. Митевска А, Трајковски В. Инклузија на ученици со аутистичен спектар на нарушувања. Зборник на резимеаЧетврта меѓународна конференција: Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност∏. Охрид 17-19 октомври, 2013; 124-125.
  4. Илиќ Пешиќ М, Трајковски В. Квлитетот на односот меѓу браќа и сестри кај семејства што имаат дете со аутизам. Зборник на резимеаЧетврта меѓународна конференција: Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност∏. Охрид 17-19 октомври, 2013; 238-239.

 


Список на семинарски теми по Генетика - психолози 2013

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог се семинарските теми по предметот Генетика. Истите треба да ги предадете во печатена и електронска верзија најдоцна до 30.11.2013.
Предметен наставник

Friday, October 11, 2013

Програма за 4-тата конференција „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност“

Почитувани колешки и колеги,
Сигурен сум дека ќе ве интересира програмата на 4-тата конференција „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација  на лица со инвалидност“ што ќе се одржи во Охрид од 17 до 19 октомври 2013 година. Сакам да ве информирам дека првиот ден од конференцијата ќе се пренесува во живо на интернет на следниот линк.
Во прилог е целата програма. Ако не сте платиле котизација крајно време е да го сторите тоа бидејќи влез во салите без беџ за регистрација нема да биде можен.
Член на научен одбор

Четврто предавање ХГ - 10.10.2013

Почитувани студенти,
Поради екстремна презафатеност и дополнителни проблеми не бев во можност пред предавањето да ви ги постирам линоовите од вчерашното предавање. Но и сега не е доцна, само вие да учите повеќе. На предавањето стануваше збор за ДНА, РНА, репликација на ДНА и трнаскрипција на ДНА. Па предлагам да ги погледнете следните видеоклипови.Нека ни е честит и вечен денешниот празник 11 октомври - ден на народното востание на македонскиот народ.
Предметен наставник









Wednesday, October 9, 2013

Колоквиумски недели за психолози

Почитувани студенти од Институт за психологија,
Во прилог ви ги праќам термините за колоквиумските недели за предметите: Физиологија и Генетика.
1. колоквиумска недела 30.10.2013 во 08:30 пред библиотека на Институт за дефектологија.
2. колоквиумска недела 25.12.2013 во 08:30 пред библиотека на Институт за дефектологија.
Предметен наставник

Monday, October 7, 2013

Гостувањето на проф. д-р Владимир Трајковски во Фактор здравје на Алфа ТВ

Почитувани колешки и колеги,
Како што знаете на 17.09.2013 бев гостин во „Фактор здравје„ на Алфа телевизија со новинарот Илија Николовски кој денес ми го достави видеоклипот за што јавно му благодарам. Тема на разговор беше Down синдром. Доколку не сте ја гледале емисијата во живо ви го проследувам видеоклипот и ви требаат 21 минута за да го проследите истиот.
Гостинот во емисијата