Како што веќе објавив претходно на 23 и 24 мај 2014 година во „Стара школа„, Мирковец, Република Хрватска се одржа симпозиумот под наслов „Современи медицински ставови за трисомија 21 и аутизам„. На симпозиумот имаше 80-тина регистрирани учесници. Технички организатор беше фирмата Проконвента од Хрватска која придонесе за поголема професионалност во организациските активности. Од Македонија ппокрај мене излагања имаа Стојан Андонов, м-р Емилија Георгиева и Николче Нешевски. За тие 2-3 дена имавме прилика да чуеме одлични предавања, во неформална атмосфера да се подружиме, да зазпознаеме нови колеги и да воспоставиме нови контакти. Времето одлично, ако се има предвид дека претходните денови во Скопје беа есенски. Клима поволна загорска, но со многу полен штетен по моето здравје :) Голема благодараност до двете госпоѓи: претседателката и потпретседателката на Трисомија 21 Загреб госпоѓата Меловник Зрињски и госпоѓата Рац Колариќ за нивниот огормен напор, енергија и воља да се организира вакво нешто во Хрватска. Би требало овој симпозиум да прерасне во традиција само прашање е дали да се повторува секоја година, на две или три години. Моето мислење е дека треба да се одржува поретко. Тие што дојдоа не зажалија заради позитивната атмосфера. На учесниците им беа доделени сертификати за учество бодирани од Лекраската комора на Хрватска.
Ќе останам достоен на својата практика да ги правам моите предавања со отворен пристап. Моето предавање под наслов „Поврзаноста на Даун синдром и атутизам„ е поставено на slideshare што може да се види на претходниот линк. Доколку не сте ги виделе фотографиите тоа ќе можете да го сторите на мојот Фејсбук профил. Конечно да го споделам и предавањето од јутјуб. Тоа трае 30 минути и се надевам дека ќе ви се допадне. Благодарност до мојот пријател Стојан Андонов за снимањето и обработката на видео материјалот.
Претседател на советодавното тело на Трисомија 21 Загреб