Во прилог ви е ветениот список на освоени ЕКТС поени по предметот Медицински основи на инвалидноста. Само две студентки успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности од кои едната е условно и уште има задачи кои треба да ги заврши. Сите кои се во црвена боја означени ќе треба да дојдат да земат активности кои ќе треба да ги завршат најдоцна 3-4 недели пред да го полагаат испитот. Студентите што се во зелено немаат право на потпис доколку се редовни, а доколку се вонредни и тие треба да земат активности. Инаку сите вонредни студенти кои досега имаат земено задачи, ќе треба да се јават да ги одговараат истите во ден кога е назначено земање на 15 ЕКТС поени на овој блог. Доколку некој мисли дека сум згрешил во внесувањето поени (иако многу внимавав и мислам дека шансите за такво нешто се минимални) слободно нека се јави да видиме дали постои некоја грешка. Доколку сакате веднаш да земете задачи во понеделник термините за таа намена се: од 08:30 до 10:30 и од 13:00 до 14:30 часот. Нека ви е со среќа подготвувањето на испитите по сите предмети.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment