Имам пријатно задоволство да ви соопштам дека ќе бидам член на научниот одбор на реномираната меѓународна конференција што ќе се одржи на 14 јуни во Нови Сад, Србија под наслов: „Дефектолошка работа со деца во рана возраст - превенција, (ре)хабилитција и социјална интеграција„. Имено пред неколку дена ме контактираа колешките госпоѓа Маринела Шќепановиќ и госпоѓа Весела Миланков од Нови Сад. Во оваа пригода им благодарам за поканата. Секако дека прифатив да бидам дел од една вака интересна конференција. Договорена е соработка за уште една конференција на 15 ноември каде ќе бидам и пленарен предавач на тема: „Здравствена заштита на лицата со интелектуална попреченост и аутизам во Република Македонија„. Повеќе информации за конференцијата како и пријава за истата можете да најдете на веб страницата на Друштвото на дефектолози на Војводина. На вас останува драги мои да се одлучите дали ќе одите на јунската или ноемвриската конференција.
Член на научен одбор
No comments:
Post a Comment