Иако поприлично болен решив да ви напишам нешто за престојниот симпозиум што ќе се одржи во „Стара школа„ во Хрватска на 23 и 24 мај. Симпозиумот носи наслов: „Современи медицински ставови за трисомија 21 и аутизам„. Симпозиумот е наменет за сите стручњаци кои работат со лицата со Даун синдром и аутизам. На симпозиумот со интересни теми ќе настапат колеги од Хрватска, Словенија, Германија и секако Македонија. Ќе бидат опфатени медицинските, дефектолошките, логопедските, психолошките и правните аспекти на Даун синдромот и аутизмот. Хрватската лекарска комора и другите струкови комори симпозиумот го бодираат со високи поени, така што добиените сертификати можат да ви послужат во вашата континуирана едукација. Јас ќе ја презентирам темата: Поврзаноста на Даун синдромот и аутизмот. Повеќе информации ќе можете да најдете на официјалните страници на организаторите Трисомија 21 и Проконвента како и на Фејсбук страницата посветена на симпозиумот. Ги поканувам сите заинтересирани колеги и колешки да ни се придружат на овој значаен симпозиум.
Предавач на симпозиумот
No comments:
Post a Comment