Од утре започнува последната недела за овој семестар и за оваа академска година. Во вторник на 13.05.2014 во 08.30 ќе се реализира вториот колоквиум по предметот Медицински основи на инвалидноста. Истиот ден до 16.00 часот ги чекам презентациите на пријавените студенти за семинарот. Веќе примив некои презентации, но бидејќи има некои недоследности, би сакал уште еднаш да ве потсетам за именувањето на фајловите. Потребно е да напишете: име презиме-наслов на темата-МОИ.
Во четврток на 15.05.2014 во 08.30 часот ќе започне семинарот по МОИ за што ќе добивате плусови за присуство по предавања. По завршување на истиот се делите во две групи за добивање потписи што ќе биде заведено во присуство за вежби. Ве молам да се придржувате на овие напомени.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment