П
очитувани колешки и колеги,
Македонското научно зсдружение за аутизам има чест да ве покани на предавање под наслов: REATTACH
: INTRODUCTION OF A NEW SCHEMA THERAPY, што ќе се одржи најверојатно во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје и тоа на 14 или 16 септември 2015 година. За точното место и време ќе бидете дополнително известени.
Што претставува овој вид на третман?
ReAttach
is a multimodal approach for adults and children with a variety of functional
impairment and neuropsychological dysfunctions. The method will be introduced
as a new schema therapy for adults and children. Besides the utility as a
schema therapy, the applicability as a
promising autism treatment will be discussed. Last but not least Paula
will take you on an exciting journey pioneering in the field of brain injury,
dementia and the wish to explore early intervention in psychopathy.
Повеќе за овој вид третман можете да најдете на следниот линк.
Предавањето ќе го одржи доктор Paula
Weerkamp-Bartholomeus која е училишен психолог и доктор на науки по специјална едукација и рехабилитација и ни доаѓа од Холандија На мојата покана таа несебично одоговри позитивно и на нејзин трошок ќе дојде да го пренесе нејзиното знаење и искуство на нашите колеги и колешки.
Драги пријателки и пријатели,
МНЗА продолжува со практиката да кани значајни гости, а притоа да не прави бизнис од настаните, како што тоа го прават некои други. Ова значи дека предавањето ќе биде со слободен пристап, но предност ќе имаат членовите на здружението, родители, па потоа сите дефектолози, психолози, доктори по медицина, педагози и се разбира нашите студенти. Заради ограниченост на бројот на местата неопходно е ваше пријавување кај секретарот на МНЗА, колегата Филип Јуртоски на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk или на filip_jurtoski@hotmail.com. Вие треба да испратите име и презиме, што сте по струка, каде сте вработени или сте невработени, или пак сте студент, постдипломец и слично и се разбира вашата контакт е-пошта. Од наша страна ќе добите потврдна е-пошта за учество. По исполнувањето на бројот на седиштата во салата, пријавувањето ќе биде стопирано и вашето присуство нема да биде одобрено. Затоа, пријавувајте се со време и тоа најдоцна до 10 септември оваа година.
Во надеж дека ќе научите нешто ново на ова предавање, срдечно Ве поздравувам.
Претседател на МНЗА