Мене навистина не ми е јасно, како и по толку многу појаснувања на часовите, за време на консултациите се` уште има студенти на кои не им е јасно како да ја завршат задачата интернет ресурси. Сите кои имаат добиено таква задача, сигурно имаат добиено и тема без разлика за кој предмет се работи. Според клучни зборови кои треба да ги впишете во некој од интернет пребарувачите Google, Yahoo, Bing и слично барате релевантна литература на англиски јазик. Во зависност од тоа кои 3-5 интернет ресурси ви се допаднале копирате делови за кои сметате дека се најбитни и ги префрлате во Word документ, се разбира сето тоа да има одреден смисол и да има целина. Потребно ви е да имате насловна страница (слично како за семинарска работа) и не повеќе од три страници текст (вкупно четири страници). На крајот ги наведувате насловите на интернет страниците заедно со URL адресите. Потоа го печатите материјалот, го научувате и доаѓате кај мене да го одбраните во ден кој претходно ќе биде објавен на овој блог, а се однесува на добивање на 15 ЕКТС поени, неопходни за да се излезе на испит. За оваа задача се добиваат од 0 до 5 поени, во зависност од вложениот труд во пребарувањето, релевантноста на изворите и начинот на презентација на материјалот.
Исто така не ми е јасно зашто не си ги прашате колегите кои веќе имале ваква задача претходно кај мене без разика дали се од вашата генерација или од повозрасните. Студирањето покрај учење на одредени предмети, подразбира и меѓусебна комуникација и дружење, размена на информации, идеи и слично.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment