Во јули преку социјалните медиуми ви соопштив дека го добивме проектот што го планиравме во последните две години со д-р David Preece од универзитетот во Northampton во Англија. Тој инаку е лидер на проектот. Имено, на конгресот на Аутизам Европа во Будимпешта во септември 2013 година онака срамежливо почнавме да размислуваме да аплаицираме пред ЕК за добивање на голем европски проект. Верувавме во себе, но не бевме големи оптимисти. Особено што минатата година не` одбија, но сепак оваа година успеавме. Сакам да истакнам дека успеа тој бидејќи најголем дел од товарот падна на неговиот грб. Затоа и овде сакам јавно да му се заблагародарам. Проектот е во рамките на Еразмус плус програмата, ќе трае три години поточно до август 2018 година и ќе чини 432.000 евра. Овој проект е насочен кон родителите на деца со аутизам и во него покрај Македонија претставена со членовите на МНЗА ќе учествуваат и колеги и колешки од Англија, Белгија, Хрватска и Кипар. Со потпретседаелаката на МНЗА веќе на големо се подготвуваме за првиот состанок што ќе се одржи во Нортхемптон кон крајот на септември, каде што ќе треба да ја претставиме ситуацијата со аутизмот во Македонија. Уште сега црвенеам кога ќе ги видам презентациите од другите држави и кога ќе морам јас да кажам што досега е направено за семејствата на децата со аутизам и каква поддршка добиваат тие од општеството. Проектот носи наслов Equity and Social Inclusion through Positive Parenting (Project ID number 2015-1-UK01-KA204-013397) и е финансиран од Европската комисија. Инаку ова е најголемиот проект во кој МНЗА досега учествувала и посебно сум горд на него бидејќи сум еден од двајцата иницијатори. Па да си посакаме успешен проект со резултати од кои ќе имаат сите бенефит, како родителите, така и професионалците во Македонија.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment