Sunday, August 16, 2015

Водич за изработка на дипломски труд

Почитувани дипломци, драги студенти,
Несебично одвоив дел од својот одмор да го направам овој водич кој што недостасуваше во мојата ризница на водичи. Претходно имам објавено водич за изработка на семинарски труд и водич за изработка на магистерски труд. 
Овој водич е замислен така што треба да им помогне на дипломците во изработката на нивните дипломски работи. Често пати студентите ме прашуваат како треба одредена работа да се напише, со кој обем треба да биде дипломската, како да се претстават резултатите од студијата, дали треба да има или не треба да има дискусија, како да се наведат референците во литературата и слично.
Водичот има за цел да ги намали сите непознати работи кои што се јавуваат при изработката на дипломската работа. Овие упатства особено важат за моите дипломци, а можат да послужат и за другите студенти, доколку нивниот ментор не им даде некои други напатствија.

Потребата за пишување на овој водич произлезе и од фактот што студентите немаат како задолжителни предмети: Методологоија на научно истражувачка работа и Статистика. Во новите курикулуми ова се изборни предмети и ретко кој од студентите ги бира овие предмети. Заради тоа, решив да потрошам од моето слободно време и да ви дадам потребни насоки. Искрено се надевам дека некогаш студентите ќе ми бидат благодарни за ова скромно дело.
Водичот можете да го преземете овде. Симнете го додека линкот не се прекине.
Менторот

No comments:

Post a Comment