Една мајка Македонка која живее и работи во Канада 12-13 години и има дете со аутизам нуди помош. Со неа сме од неодамна пријатели преку интернет и правиме планови како да помогнеме на децата со аутизам во Македонија. Таа планира догодина и лично да дојде и да биде гостин на МНЗА и да одржи серија предавања и работилници за родители на деца со аутизам. Со интензивна работа со методите ABA и IBI има постигнато забележителни резултати со своето дете. Таа во овој момент нуди помош преку давање совети да помогне на вашите деца. Потребно е само да и испратите линк од видеоматеријал со вашето дете и да воспоставите контакт преку е-пошта и скајп. Најбрзите три родители што ќе ме контактираат на е-поштата vladotra@fzf.ukim.edu.mk или на ФБ во инбокс ќе ги добијат нејзините контакти и понатаму директно ќе комуницираат со неа. Ете, се уште има хумани луѓе по светот.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment